fbpx

Можности

[Повик за ангажирање на лице] – Креирање видео содржини

Младите можат е во потрага по лице кое ќе биде задолжено за изработка на три промотивни видеа за потребите на организацијата. Целта на ангажманот ќе биде креирање на видеа со содржини од мисијата, визијата, структурата на Младите можат како и успешни програми и членството на Младите можат. Главни задолженија на лицето ангажирано за креирање на видета ќе бидат: Креирање концепт и дизајн на 3 кратки видеа заедно со проектниот координатор Креирање на содржината и монтирање на деловите во 3 видеа…

0
Read More

[ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ] – ИЗРАБОТКА НА КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА

Здружение на граѓани Младите можат отвора повик за комуникациски експерт или компанија која нуди комуникациски услуги, за изработка на комуникациска стратегија на Младите можат. Комуникациската стратегија на Младите можат има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на организацијата, како и да претставува долготраен механизам за комуникација со јавноста. Задачи и одговорности: Главните задолженија на експертот за комуникациска стратегија се следните: Редовно да комуницира и да се координира во однос на својата работа со проектниот координатор Да одржи три…

0
Read More

Повик за асистент/ка за логистика во Извршната канцеларија

ТИ МОЖЕШ ДА БИДЕШ ДЕЛ ОДТИМОТ НА МЛАДИТЕ МОЖАТ Извршната канцеларија на Младите можат е во потрага по нов млад ентузијаст кој е подготвен дa работи во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енерија. Доколку си подготвен/а да работиш на својот личен развој и сакаш да учиш преку принципот на “learning by doing“ – ова е одлична можност за тебе! Те повикуваме да бидеш дел од атмосфера на постојано учење, надоградување, но и стакнување нови пријатели и колеги. Биди…

0
Read More

Повик за учесници на We make democracy – Youth for participation and inclusion

We make democracy – Youth for participation and inclusion е проект на кој млади од 8 земји (Западен Балкан, Швајцарија и Молдавија) ќе ги споделат своите модели на младинско организирање и вклучување на младите во општествените процеси. Кога? – 15 до 20 септември 2019 (денови за пристигање и заминување) Каде? – Richterswil, близу Цирих, Швајцарија Долгогодишниот партнер на Младите можат, Националниот младински совет на Швајцарија организира интернационална активност за младинско учество и граѓанско општество со фокус на неформални и локални…

0
Read More

Повик за учесници за Back to Basics 2019

Спремни за летна авантура во Холандија заедно со уште 50тина млади луѓе од цела Европа? Младите можат е партнерска организација на Еразмус+ проектот “Back to basics”, организиран од страна на Cherry International Foundation. Младинска размена “Back to Basics” ќе се организира од од 5ти до 20ти август во Омен, Холандија. Целта на проектот е 60 млади од различни земји (на возраст 15-21 година) од Европа да го развијат својот претприемачки дух и своите вештини и да се стекнат со едно…

0
Read More

Повик за учесници на тренинг The purpose project

Младите можат отвара повик за 3 учесници на тренинг за градење на капацитетите на младински работници во Полска. Кога? – 30.08 до 08.09.2019 (ова се дати на пристигање и заминување) Локација? –  Гротиники и Лоѓ, Полска 24 учесници од 8 различни земји: Хрватска, Кипар, Грција, Малта, Шпанија, Турција, Полска. Целта на проектот е да развие компентенции на 24 младински работници од 8 земји за понудување подобра поддршка на младите при пронаоѓање и идентификување на животната цел. Во насока на целта…

0
Read More

Повик за учесници на работилница „Една идеја – Една цел“ | Младинска локална иницијатива во Велес „Биди промената“

Ако сакате да ја искажете вашата иновативност, да се забавувате и творите дела на необичен начин и места, ова е настан за Вас! Придружете се на нашата работилница „Една идеја – Една цел“ да ја смениме едноличноста на Велес и да го направиме градот поубав. Организиран од тимот кој ја имплементира младинската локална иницијатива “Биди Промената”, настанот ќе се одржи на 22.05.2019 (среда) во локалната библиотека Гоце Делчев – медиотеката. Темата ќе биде мешавина од екологија и уметност, каде што…

0
Read More

[Повик за графички дизајнер] – проект “YOU(th) CAN DO IT BETTER!”

„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Во текот на цела 2019та година Младите можат го реализира проектот “YOU(th) CAN DO IT BETTER!” посветен на промовирање на важноста за грижа за менталното здравје помеѓу младите средношколци во градот Скопје. Преку овој проект ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици поврзани со менталното здравје на средношколците и ќе ги…

0
Read More

Конкурс за редизајнирање на логото на Младите можат

Здружението на граѓани Младите можат објавува конкурс за редизајн на логото на организацијата по повод 10 годишнина од основање.  Ги повикуваме сите заинтересирани лица да аплицираат на овој конкурс за редизајн на логото на Младите можат. Целта на конкурсот е да се создаде идејно решение за дизајн на логото на Младите можат кое треба да биде во тренд и да биде модернизирано. Визијата, мисијата и целите на Младите можат се на следниот линк. Предлог дизајните треба да ги содржат: веќе…

0
Read More

Повик за учесници на размена „Equally different“

Креативност, тимска работа, различности, сличности, почит и истражување се темите на младинска размена во Холандија! „Equally different“ e темата на младинската размена во Холандија ова лето. Во мултикултурните општества кои ги има во Европа, различностите во културата, религиите и етникумите се чести. Со оваа размена сакаме да ја докажеме разноликоста и еднаквоста на младите на многуи начини и низ неколку призми. Најбитно, да докажеме дека тоа не е проблем воопшто, напротив, дека е одлично. Младинската размена ќе се случи од…

0
Read More

Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.

Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Социјални мрежи
Последни проекти