[Повик за графички дизајнер] – проект “YOU(th) CAN DO IT BETTER!”

„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Во текот на цела 2019та година Младите можат го реализира проектот “YOU(th) CAN DO IT BETTER!” посветен на промовирање на важноста за грижа за менталното здравје помеѓу младите средношколци во градот Скопје. Преку овој проект ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици поврзани со менталното здравје на средношколците и ќе ги инспирираме младите, по што ќе се делува на адресирање и нивно надминување.

Во рамките на проектот “YOU(th) CAN DO IT BETTER!” Младите можат има потреба од ангажирање на графички дизајнер за изработка на публикација.

Опис на работниот ангажман:
Ангажманот на графичкиот дизајнер предвидува дизајнирање на публикација од околу 30тина страници, преку која ќе се претстави наодите од спроведеното истражување за ментално здравје кај младите и собраните податоци во перидот на имплементација на проектните активности. Публикацијата ќе биде потребно да содржи креативни илустрации кои на поедноставен и визуелно привлечен начин ќе ги презентираат наодите од истражувањето. Публикацијата треба да биде прилагодлива за споделување на социјални медиуми изработена во адекватен формат.
Ангажманот ќе вклучува тесна соработка со проектниот координатор, кој ќе ги селектира подготвените наоди, препораки и информации. Задача на избраниот кандидат е да развие начин за креативно претставување на наодите од спроведеното истражување.
Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со проектниот координатор на Младите можат. Работен јазик на овој ангажман е македонски. За ангажманот е предвиден паричен надомест.

Потребни квалификации:
– Претходно искуство во работа со дизајнирање на публикации
– Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проекти)
– Високо развиени аналитички вештини;
– Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
– Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
– Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;

Временска рамка:
Испорака на услугите ќе се случува во временската рамка:
– Отпочнување на координација со проектниот координатор на Младите можат до 27ми мај 2019г.
– Доставување на предфинален производ до 20 јуни 2019г.
– Доставување на финален производ со вклучени сугестии од проектниот координатор на Младите можат до 30 јуни 2019г.

Сопственост:
Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.

Начин на аплицирање:
Со доставување на CV на македонски или англиски јазик и примероци од лични претходно изработени публикации, постери и слични материјали на [email protected]
Рок на аплицирање: 20ти мај, 12:00 часот.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]

*Проектот YOU(th) CAN DO IT BETTER! е имплементиран од Здружение на граѓани Младите можат, со поддршка од најголемата германска фондација за млади Schuler Helfen Leben.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *