Младите можат отвара повик за 3 учесници на тренинг за градење на капацитетите на младински работници во Полска.

Кога? – 30.08 до 08.09.2019 (ова се дати на пристигање и заминување)

Локација? –  Гротиники и Лоѓ, Полска

24 учесници од 8 различни земји: Хрватска, Кипар, Грција, Малта, Шпанија, Турција, Полска.

Целта на проектот е да развие компентенции на 24 младински работници од 8 земји за понудување подобра поддршка на младите при пронаоѓање и идентификување на животната цел.

Во насока на целта на проектот, ќе се зголемат знаењата за значењето на цел, зошто е битна и како е поврзана со вработливоста. Ќе се работи на вештините на младинските работници во насока на поддржување на млади во пронаоѓањето на нивната цел и ослободување на потенцијалот.

На овој тренинг ќе учествуваат полнолетни младински работници, кариерни советници, наставници итн. Кои се фокусирани на личниот развој кај младите. Од учесниците ќе се очекува да можат да учествуваат на сесии и повеќе од 8 часа дневно поради интензивната програма

Повеќе информации можете да видите на “Инфопакет The purpose project”.

Можете да аплицирате со пополнување на фомуларот за учество до 18.06.2019.

Проектот е финансиран од страна на Европската комисија од програмата Еразмус+. Организаторот на овој проект обезбедува рефундирање на патните трошоци (Македонија – Полска – Македонија) до 275  евра. Сите останати трошоци се покриени од страна на организаторот (сместување, храна, освежување).

Селектираните апликации потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на тренингот. Предност при селекција ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација.