Креативност, тимска работа, различности, сличности, почит и истражување се темите на младинска размена во Холандија!

„Equally different“ e темата на младинската размена во Холандија ова лето. Во мултикултурните општества кои ги има во Европа, различностите во културата, религиите и етникумите се чести. Со оваа размена сакаме да ја докажеме разноликоста и еднаквоста на младите на многуи начини и низ неколку призми. Најбитно, да докажеме дека тоа не е проблем воопшто, напротив, дека е одлично.

Младинската размена ќе се случи од 29 јули до 7 август 2019 во селото „De Weere“ каде ќе бидете пречекани со ширум-отворени раце! Во текот на размената, ќе бидете сместени кај домаќини со што би научиле дополнително за Холандската култура.

Преку едукативни, креативни, интерактивни и забавни работилници и игри проследени со сериозни дискусии на различлни теми поврзани со „Equally different“. Во неколку наврати, ќе се истражат неколку градови како Zaandam и прекрасниот Амстердам.

Вечерните активности ќе вклучуваат културни вечери каде заедно со групата ќе можете да ја презентирате својата култура со храна и пијалоци од нашата земја.

На оваа размена ќе учествуваат 30 учесници од Македонија, Грција и Холандија. Годишната граница е од 17 до 20 години.

Оваа размена предвидува Аdvance planning visit (средба за подготвка на размената) од 07 јуни до 10 јуни 2019та. На оваа средба, 2 учесници (тим лидер и еден учесник) од секоја земја ќе присуствуваат.

Начинот на аплицирање е со пополнување на овој формулар најдоцна до 15.05.2019.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected].

Проектот е финансиран од страна на Европската комисија од програмата Еразмус+. Организаторот на овој проект обезбедува рефундирање на патните трошоци (Македонија – Холандија – Македонија) до 275  евра. Сите останати трошоци се покриени од страна на организаторот (сместување, храна, освежување, пат при екскурзии до градовите). По завшувањето на размената, учесниците ќе добијат YouthPass сертификат (сертификат за неформално образование и може да се искористи во CV, апликации за работа/ училишта/ факултети и слично.)

Селектираните апликации потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација.