За што станува збор?
Персонализираните активистички производи на Младите можат се направени токму за тебе, еколошки, само-одржливи, локални и рачно произведени. Можеби се ова ти звучи како клише и се прашуваш како сме поинакви од другите? Тоа што е различно е каде ти одат парите кога ги купуваш нашите производи.
Кога купуваш од некоја продавница, бренд и слично, дел од парите секако одат за производство, додека останатото е профит, секако тоа е кул зошто на тој начин кога работиме можеме да бидеме финансиски независни. Но, ние сакаме да поттикнеме некој друг да биде финансиски независен. Парите што се трошат за производство се тие, но преку купување на нашиот merch тие средства одат кај локални само-одржливи организации кои воедно се стремат да стана социјални претприемачи. А што станува со профитот? Профитот исто така ни овозможува да бидеме финансиски независни, но овој пат финансиски независни се младите активисти. Преку купување на нашите производи сите финансии кои нема да бидат потребни за изработка на нови производи ќе станат дел од фондот за реализација на младински иницијативи во рамки на членството на Младите можат. Тој фонд ќе им овозможи на младите да си го кажат тоа што го мислат, но и да иницираат промени за истото, односно да превземат акција. Дали тоа ќе биде акција за подобрување на образованието, за зголемување на интересот за волонтирање, за подобрување на состојбата со менталното здравје кај младите или пак за нешто сосема десетто, тоа оставаме на тебе. Ќе видиш, секој дизајн, односно реченица на дуксерите, банданите, тоте торбите, стикерите и беџовите останува недовршена, зошто не е на нас да ја довршиме – ТИ ќе имаш можност да го направиш тоа заедно со нас, откако ќе ја направиш твојата прва нарачка.
*Проектот е имплементиран од Здружение на граѓани Младите можат, а поддржан од германската фондација Schuler Helfen. Leben.
Како да купам?
Погледни ги сликите, одбери го дизајнот што најдобро ја отсликува твојата мисла.
Цените на производите може да ги видиш под сликите во галеријата. Откако ќе одлучиш што сакаш да нарачаш испрати ни ја фотографијата од избраниот производ, големината која ја сакаш и твојот телефонски број за контакт на [email protected] или побарај не на 078 449 042.
За секоја нарачка над 3 производи добиваш 10% попуст.
Дополнително секој член на Младите можат, без разлика на бројот на производи што ќе ги купи добива 10% попуст.