Повик за учесници на работилница „Една идеја – Една цел“ | Младинска локална иницијатива во Велес „Биди промената“

Ако сакате да ја искажете вашата иновативност, да се забавувате и творите дела на необичен начин и места, ова е настан за Вас! Придружете се на нашата работилница „Една идеја – Една цел“ да ја смениме едноличноста на Велес и да го направиме градот поубав.

Организиран од тимот кој ја имплементира младинската локална иницијатива “Биди Промената”, настанот ќе се одржи на 22.05.2019 (среда) во локалната библиотека Гоце Делчев – медиотеката. Темата ќе биде мешавина од екологија и уметност, каде што на учесниците ќе им се дадат неколку проблеми(што се реални и чести во градот), кои што тие треба да ги решат на најкреативен начин. Формирањето на групи ќе се одвива по случаен избор за да се добијат 3 групи.
Откако ќе се решат сите проблеми, започнува втората фаза на настанот – реализирање на идеите и решенијата на проблемите.
Кога:22.05.2019 (среда)
Време:12:00-15:00ч.
Возраст на учесници:15-18г.
Место:Медиотеката во локалната библиотека

Работилницата е во рамки на младинската локална иницијатива за застапување која ја имплементира тим од 9 млади активисти во општина Велес, како дел од програмата за локален активизам од проектот Младински локални иницијативи.

„Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат го имплементира, a e поддржан од Здружение за едукација Младиинфо Интернационал преку проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”. Проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey” е финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван од страна на 5 организации од регионот (Mladiinfo International од Македонија, Fondacija Ana I Vlade Divac од Србија, NVO Prima од Црна гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција).\