Спремни за летна авантура во Холандија заедно со уште 50тина млади луѓе од цела Европа?

Младите можат е партнерска организација на Еразмус+ проектот “Back to basics”, организиран од страна на Cherry International Foundation. Младинска размена “Back to Basics” ќе се организира од од 5ти до 20ти август во Омен, Холандија.

Целта на проектот е 60 млади од различни земји (на возраст 15-21 година) од Европа да го развијат својот претприемачки дух и своите вештини и да се стекнат со едно прекрасно меѓународно искуство. Отвораме повик за 3 учесници на размената Back to Basics 2019.

Фокусот на размената ќе биде на:

  • Соработка и комуникација, иницијативност и развивање на претприемачки дух
  • Методологијата на размената вклучува „учење преку правење“  и надворешни активности

На оваа размена се подмируваат 50 ЕУР за учество (поради изнајмување на одредени објекти, возила за надворешни активности) кај организаторот – Cherry International, додека пак патните трошоци се исплаќаат во висина од 275 ЕУР во целост (пат до и од Холандија). Патните трошоци може да се искористат во зависност од учесниците и да се потрошат ефективно, односно може да се искористат да ги покриете трошоците за учество.

Начинот на аплицирање е со испраќање на апликациска  форма на [email protected] не подоцна од 22ти јуни. Назнаката на пораката треба да биде:  Application for participation – Back to Basics 2019

Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација.

Тренингот е финансиран од страна на Европската комисија од програмата Еразмус+. Организаторот на овој тренингот обезбедува рефундирање на патните трошоци (Македонија – Холандија – Македонија) од точно 275 евра. Сите останати трошоци се покриени од страна на организаторот (сместување, храна, освежување). По завшувањето на размената, учесниците ќе добијат YouthPass сертификат (сертификат за неформално образование и може да се искористи во CV, апликации за работа/ училишта/ факултети и слично.)

За дополнителни информации, слободно контактирајте не на [email protected].