Повик за асистент/ка за логистика во Извршната канцеларија

ТИ МОЖЕШ ДА БИДЕШ ДЕЛ ОДТИМОТ НА МЛАДИТЕ МОЖАТ

Извршната канцеларија на Младите можат е во потрага по нов млад ентузијаст кој е подготвен дa работи во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енерија.
Доколку си подготвен/а да работиш на својот личен развој и сакаш да учиш преку принципот на “learning by doing“ – ова е одлична можност за тебе! Те повикуваме да бидеш дел од атмосфера на постојано учење, надоградување, но и стакнување нови пријатели и колеги. Биди дел од тимот кој верува во моќта на младите да бидат катализатори на позитивни промени во општеството.
Но, за да го постигнеме она во кое веруваме потребни ни се посветеност, истрајност, прилагодливост и самоиницијативност како дел од тимските вредности и тимскиот дух. За почеток, позицијата асистент/ка за логистика во рамки на проектни активности предвидува половина работно време, во периодот од јули до октомври 2019та година, со можност за
понатамошен напредок.
Одговорности на асистенот за логистика се следните:
  • Асистент за логистика во имплементација на активноста “Мотивациски викенд 6”
  • Асистент за логистика во спроведувањето на активноста “Запознај го УКИМ“
  • Одговорно лице за логистика на проектот “Младински Лидерски Иницијативи 4”
  • Одговорен е за обезбедување на простории и спонзори при спроведување на активности и проекти на организацијата
  •  Одговорен е за набавка на материјали потребни за спроведување на активности
  • Поднесува месечен извештај за својата работа до Извршниот директор на организацијата
  • Остварува редовна комуникација со членовите на Извршната канцеларија
Критериуми за аплицирање:
  • На возраст од 18 до 25 години
  • Претходно директно искуство во организирање на настани или активности
  • Развиени комуникациски и меѓучовечки вештини
  • Способност да работи на повеќе задачи во исто време
  • Способност за индивидуална работа и работа во тим
  • Прилагодливост во однос на работни часови и работно време
  • Познавање на англиски јазик во пишана и говорена форма.
Времетрање на ангажманот е од јули 2019г. до октомври 2019г. Ангажманот е со скратено работно време од 20 часа на неделно ниво. Работното време е флексибилно, во согласност со работните обврски. За ангажманот е предвиден финансиски надомест.
Начин на аплицирање:
Испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на inf[email protected]youthcan.org.mk.
Рок за пријавување:
30ти јуни, 2019та година, 23:59
Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на inf[email protected]youthcan.org.mk