fbpx

Можности

[Повик за учесници] Онлајн работилница на тема: “Како менталното здравје ми стана приоритет?”

Не е секогаш лесно да објасниме како се чувствуваме…Зарем не? Нашите емоции, чувства, погледот кон нештата, па дури и кон самите себеси… Тие постојано се менуваат. Како би опишал што значи да бидеш ти? Или што се случува во твојата глава? Што е ментално здравје? Што е потребно за да го негуваш твоето ментално здравје?   Ситуацијата ни налага да се грижиме за нашето ментално здравје повеќе од било кога. Токму заради тоа како дел од изолацискиот #МаратонЗаМенталноЗдравје, објавуваме повик…

0
Read More

[Повик за учесници] Онлајн работилница на тема: Менаџирање на време

Дали си прецизна и секогаш навремена личност, која секогаш има план за целиот ден? Или пак вообичаено целиот ден прокрастинираш и имаш тековни навики кои те прават неуреден/на? Како го менаџираш твоето време вообичаено, а како во време на изолација? Ситуацијата ни налага да се грижиме за нашето ментално здравје повеќе од било кога. Токму заради тоа како дел од изолацискиот #МаратонЗаМенталноЗдравје, објавуваме повик за учесници на онлајн работилница на тема МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕ. Иако, во време на изолација можеби…

0
Read More

Company Shuttle во Гордиан Системи и Хепинес Маркетинг | Повик за студенти – учесници

Младите можат и ИАЕСТЕ Македонија продолжуваат со организирање на првата активност од проектот „Чекор кон кариерата од твоите соништа“ кој партнерски го имплементираат. Company Shuttle е интернационален проект, дел од програмата на неколку ИАЕСТЕ зејми низ светот. Тоа е проект орагинизан од студенти – за студенти, со главна цел да се воспостави контакт помеѓу студентите и компаниите. Ова претставува одлична можност за студентите да се запознаат со начинот на работа на некоја компанија, како и технологиите што секојдневно се користат.…

0
Read More

Повик за волонтер во Дарданели, Турција (Европски солидарен корпус)

Сакаш да стекнеш искуство надвор од државава, но 1 година ти изгледа многу? Look no more, зошто овој повик може да е токму за тебе! Младите можат објавува повик за Европски солидарен корпус (ЕСК) волонтер во Дарданели, Турција кој започнува од 15 февруари 2020 и трае до 15 август 2020 ( точно 6 месеци).   Домаќин организацијата “Дарданели Коза” е активна, енергична, младинска организација која се наоѓа во северо-западниот дел на Турција. Основана е во март 2010 година од група…

0
Read More

Повик за волонтер во Дрезден, Германија (Европски солидарен корпус)

Сакаш да волонтираш? Си размислувал/а да организираш активности? Сакаш да се изразуваш креативно? Младите можат споделува можност за волонтирање во Дрезден, Германија. Волонтирањето е од времетраeње од 12 месеци, започнувајќи од 1ви мај 2020 г. до 30ти април 2021г. Домаќин организацијата Kultur Aktiv e.V. е основана во 2002 година за поддршка на урбаната субкултура во област на Дрезден позната како „Нојштат“. Само неколку години подоцна, таа се проширува и низ цела Германија и во странство (Балкан, Чешка, Русија, Кавказ). Преку…

0
Read More

Повик за волонтер во Романија, преку Европски Солидарен Корпус

Младите можат објавуваат повик за Европски солидарен корпус (ЕСК) волонтер во Констанца, Романија. Домаќин организацијата ADAPTO- Здружение за еднаквост на млади, е организација која промовира еднаквост меѓу сите млади, без оглед на расата, пол, финансиска состојба, способности / инвалидитет. Главните цели на АДАПТО припаѓаат на 3 области: образование и обука; проекти чија таргет група се загрозени млади луѓе и промовирање на европските вредности. Исто така, здружението организира и е партнер во меѓународни и национални тренинзи за обука и размена на…

0
Read More

[Повик за млади NEETs] Програма за кариерно насочување “Leave the Shadow”

“Choose a job you love, and you will never have to work a day in your life.” —Confucius Се наоѓате на голема раскрсница и не можете да се одлучите во кој правец да тргнете? Имате дилеми која кариера да ја одберете? Се уште не ги препознавате сите ваши квалитети? Младите можат ви нуди можност да ги пронајдете вистинските одговори на овие прашања и да ја напуштите сенката! За да се разрешат овие дилеми, Младите можат ќе им овозможи на 20…

0
Read More

[Повик] Волонтирај една година во најголемата германска младинска фондација!

Нашите долгогодишни партнери Schuler Helfen Leben и оваа година, повторно, нудат можност на млади луѓе од земјите од Западен Балкан за волонтирање во Германија. За време на едногодишниот ангажман, волонтерите ќе ја имаат можноста да помагаат при реализирање на разни активности и остварување на целите на фондацијата. Во овој момент, отворени се можности за волонирање во канцелариите во Neumünster и новата канцеларија во Lübeck. Во Neumünster, волонтерите од Германија и земјите од Западен Балкан ја преземаат одговорноста за спроведување на…

0
Read More

Конкурс за фотографии „Не биди егоист, биди екоист“♻️

Иницијативата за заштита на животната средина „Екоизам“, од активното членство на „Младите Можат“, објавува конкурс за изложба и избор на најдобра фотографија. Изложбата на фотографиите ќе биде дел од настанот „Не биди егоист, биди екоист“ кој ќе се одржи на 14ти декември во просториите на СУГС „Орце Николов“.  Целта на овој настан е подигнување на свеста кај младите за зачувување на животната средина. Фотографиите треба да бидат на следниве теми: заштита на животната средина,   уништување и загадување на воздухот и…

0
Read More

[Повик за учесници] Тренинг Progress of changes во Полска

Дали сакаш да се запознаеш со алатките потребни за успешно управување на работа во тимови? Дали сакаш да научиш како соодветно да даваш поддршка во сите фази на процесот? Доколку одговорот на овие две прашања е да, тогаш побрзај и пријави се! Тренингот е 10 дневен настан на кој учество ќе земат по 3 учесници од Полска, Шпанија, С. Македонија, Романија, Италија, Грција, Словакија и Малта. Учесниците ќе бидат сместени во HOTEL DOBIESZKÓW – TRAINING AND RELAX CENTER во близина…

0
Read More

Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.

Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Социјални мрежи
Последни проекти