fbpx

Секоја заедница си има луѓе кои можат да си помогнат едни на други и да ни го направат животот подобар. Секако, и ти си дел од тие луѓе и можеш да помогнеш некому. Но, како да направиме систем во којшто ќе ги споделуваме нашето време, знаење и желба за да си помогнеме меѓусебно?

Кон часзачас.мк

Час за час – дигитална платформа за поврзување со заедницата

Активно граѓанство, солидарност, волонтирање, кариерен развој, општествена одговорност, младински фонд, поддршка, соработка, одржливост. Уникатен концепт, добро познат на глобално ниво, моќна алатка за солидарност и општествена одговорност, кој на 10ти ноември 2021г. за прв пат ги обедини младите и возрасните во нашата земја.

Прочитај повеќе за резултатите од проектот.

Social Day

Персонализираниот merchandise е направен токму за тебе, воедно е еколошки, само-одржлив, локален и рачно произведен. Можеби се ова ти звучи како клише и се прашуваш како сме поинакви од другите? Тоа што е различно е каде ти одат парите кога ги купуваш нашите производи.

Кон галеријата.

Купи и биди активен! – активистички производи на ММ

За нас

Визија

Младите луѓе да земат активно учество во развојот на своите заедници и преку младински и социјален активизам, како моќни алатки за општествена промена, да одговорат на своите потреби во заедницата.

Мисија

Да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека можат самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.

Инспирирај->идентификувај->делувај!
Области на делување

Младински активизам

Младите-главни двигатели на напредокот на граѓанското општество, а активизмот-нивна моќна алатка за остварување на позитивни општествени промени.

Волонтерство

Служење во корист на заедницата, меѓусебно помагање и здружено делување насочено кон менување на светот како подобро место за живеење.

Неформално образование

Процес на стекнување на лични вештини, постојано надоградување и учење, себепронаоѓање, развивање на најдобрата верзија од себеси

Младински политики

Вклученост на младите во процесите на донесување одлуки и креирање на младинските политики на локално, регионално и национално ниво.

Искуства на Младите што можат

„Благодарна сум што имав шанса да бидам дел од овој процес, тренинг кој не само што продре до јадрото на Тим Билдингот, туку овозможи сите учесници повеќе да дојдат во допир со себе си – за своите јаки страни, своите слаби страни, приоритети, желби, цели, а најважно од се’ како да остават трага во општеството и како да го направат тоа во тим. “

Елена Пауноска, учесник на проектот „Process of change“

Како младински работник постојано треба да ги следиш новите трендови на младите, да си запознаен со интересите кои ги имаат, да ги следиш новостите во светот и секако да ги информираш и нив за истите. Еден од предизвиците што ги има младинската работа денеска е како активностите што ги креираме за нив, но и тие што самите ги спроведуваат, да бидат одржливи, достапни и корисни за општеството.

Софија, учесник на Inspire Social Innovation [Erasmus+ тренинг во Данска]

Најинспиративниот момент е што низ новите искуства добиваш можност да сфатиш колку многу си научил од претходните, а во исто време да откриваш и уште колку многу имаш за учење ^_^

Симона, искуство во Младите Можат

Соработници и партнери
Тим

Анита Николовска

Извршен директор

Софија Стојановска

Координатор за членство

Дијана Мицевска

Координтор за логистика и вмрежување

Никица Манџуковски

Асистент за волонтирање и младински активизам

Илија Станковски

Управен Одбор

Ивана Атанасовска

Управен Одбор

Контакт

Контакт

Здраво, користи ја формата подолу за да стапиш во контакт со нашиот тим



Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.

Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Социјални мрежи
Последни проекти