Сакаш да волонтираш? Си размислувал/а да организираш активности? Сакаш да се изразуваш креативно?

Младите можат споделува можност за волонтирање во Дрезден, Германија. Волонтирањето е од времетраeње од 12 месеци, започнувајќи од 1ви мај 2020 г. до 30ти април 2021г.

Домаќин организацијата Kultur Aktiv e.V. е основана во 2002 година за поддршка на урбаната субкултура во област на Дрезден позната како „Нојштат“. Само неколку години подоцна, таа се проширува и низ цела Германија и во странство (Балкан, Чешка, Русија, Кавказ). Преку мобилности и локални активности, тие промовираат култура и уметност како и волонтирање. Оваа организација промовира уметност и култура, образование и креативни потенцијали преку меѓународна соработка и волонтерска посветеност. Дел од активностите кои ги спроведува се фестивали, клупски концерти и забави , изложби, филмски вечери, волонтирање, можности за пракса, тренинзи, работилници и дискусии.

Повеќе информации за организацијата на http://www.kulturaktiv.org/?lang=en.

Активности на волонтерот би биле:
– Планирање, спроведување и проценка на мали проекти
– Помош при подготовка и спроведување на проекти
– Развивање на соработката на полето на културата помеѓу Скопје и Дрезден
– Креирање принт и онлајн материјали

Организацијата ви овозможува здраствено осигурување, сместување, интернет, храна, месечен надоместок како и часови по германски јазик. Како дел од прoектот ќе имате можност да бидете дел од активностите кои тие ги организираат. Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата.
Доколку си од 18-30 години, го познаваш англискиот и/или германскиот јазик (не е обврзувачки), имаш искуство на полето на културата (основно познавање на графички дизајн се смета за плус) – можеш да аплицираш уште сега!

Аплицирај на [email protected] со испраќање на CV и мотивациско писмо (должина – една А4 страна максимум) на англиски јазик.
Рок на пријавување: 9ти февруари 2020г, 23:59.

Целосниот инфо пакет можеш да го најдеш на  следниот линк: Call for volunteer

Доколку имаш дополнителни прашања, пиши нѝ на [email protected] .