Сакаш да стекнеш искуство надвор од државава, но 1 година ти изгледа многу? Look no more, зошто овој повик може да е токму за тебе!

Младите можат објавува повик за Европски солидарен корпус (ЕСК) волонтер во Дарданели, Турција кој започнува од 15 февруари 2020 и трае до 15 август 2020 ( точно 6 месеци).

 

Домаќин организацијата “Дарданели Коза” е активна, енергична, младинска организација која се наоѓа во северо-западниот дел на Турција. Основана е во март 2010 година од група млади луѓе чија целна група се социјално и  економски загрозени млади на возраст меѓу 15-30 години. Главни области  на кои работи се културни, социјални, спортски активности и курсеви. Тие исто така работат на младински политики и едукација за човекови права на млади луѓе преку организирање работилници, тренизи и други активности.

 

Профил на волонтерот:

  • Солидно познавање на Англиски јазик
  • Заинтересиран за младинска политика, уметност, култура
  • Отворен ум, креативен, самоуверен и одговорен
  • Подготвен да работи со загрозена група на деца и млади

Домаќин организацијата обезбедува сместување, пари за храна, џепарлак, локален транспорт, курс по Турски јазик.

Целосниот инфо пакет и должностите на волонтерот можеш да ги најдеш на следниот линк: INFO-PACK

Твојата апликација треба да ја испратиш надоцна до 31.01.2020 г. со испраќање на мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на [email protected]