Company Shuttle – Nebula Cloud Solutions

Младите можат и ИАЕСТЕ Македонија продолжуваат со организирање на првата активност од проектот „Чекор кон кариерата од твоите соништа“ кој партнерски го имплементираат.

Првата активност наменета за сите студенти од техничките факултети е Company Shuttle.

Company Shuttle е интернационален проект, дел од програмата на неколку ИАЕСТЕ зејми низ светот. Тоа е проект орагинизан од студенти – за студенти, со главна цел да се воспостави контакт помеѓу студентите и компаниите. Ова претставува одлична можност за студентите да се запознаат со начинот на работа на некоја компанија, како и технологиите што секојдневно се користат.

Company Shuttle ќе им овозможи на студентите од техничките факултети да го искусат инженерството во реалниот живот и проблемите што доаѓаат со него, ќе им овозможи на студентите да работат на вистински проект менториран од професионалци, со што ќе се стекнат со практично знаење, а и можност да стапат во контакт со компаниите кои би можеле да бидат нивни работодавци или соработници во иднина.

Третата компанија која ја избравме и со која ќе соработуваме Небула Инженеринг. Со тоа предизвикот ќе е наменет за студентите од Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство како и за студентите од Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии.

Настанот официјално ќе започне на 21.09.2020 година, кога ќе биде претставен предизвикот преку онлајн конференција и ќе се запознаете со тоа што тие работат во моментов. Потоа ќе следи еднонеделен проект, во вид на предизвик, кој ќе треба да го изработите во тим од тројца или четворица и кој потоа ќе го презентирате во просториите на комапнијата. За победничкиот тим ќе следи и награда.

 

Формата за пријавување е отворена до 19.09.2020.

* Company Shuttle е во рамки на проектот „Чекор кон кариерата од твоите соништа“ кој е импементиран од страна на Здружение на граѓани Младите можат и ИАЕСТЕ Македонија. Овој проект е дел од тригодишниот проект WeB4YES (Western Balkan Civil Society Organisations for Youth Employment Support) финансиран од Европската Унија.