Барање за финансиска понуда

Здружението на граѓани Младите можат веќе 11 години активно ја промовира идејата за активизам, волонтирање и вклученост на младите во општествените процеси. Како резултат на тоа во текот на 2020 година има цел да креира материјали за продажба кои ќе бидат привлечни за младите и ќе ги изразуваат нивните ставови, а при тоа преку купување на тие материјали ќе имаат можност да придонесат во фонд за реализирање на младински иницијативи.

Согласно горе наведеното, потребна ни е финансиска понуда за печатење на сите или дел од предвидените производи. Доколку сте заинтересирани, може да не контактирате на [email protected] , а потоа ќе ви бидат испратени дизајните и мокапите кои ќе се печатат.

Производи за печатење:

Дуксери
Бандани
Маици (машки)
Маици (женски)
Чорапи
Тоте торби
Тоте ранци
Метална шоља за кафе
Стикери
Беџови
Пинови
Платнени беџови
Обвивки за коцки чоколадо

Временскиот период за печатење на побараните материјали е вкупно 7 работни денови од потпишувањето на договор. Средствата ќе бидат исплатени по финалното одобрување од страна на Младите можат, преку издадена фактура од страна ангажираната индивидуа/компанија.

Сите заинтересирани лица/компании можат да ја достават својата финансиска понуда во засебен документ, со цени за секој од побараните материјали на [email protected] , најдоцна до 16.09.2020г. со назнака Понуда за печатење.