„Една идеја – Една цел“ | Работилница | Проект Младински локални иницијативи
На ден 22.05.2019 (Среда) во Локалната библиотека “Гоце Делчев” Велес, се одржа настанот “Една идеја, една цел” организиран од младинската локална иницијатива “Биди Промената”. На настанот учествуваа средношколци од стручните училишта “Коле Неделковски” и “Јовче Тесличков”, и велешката гимназија. Учесниците беа поделени во две групи и мапираа проблеми од областа на животна средина и волонтеризам. Решенијата што ги смислија ќе бидат реализирани понатаму. Останете во тек, наскоро ќе ви ги најават активностите кои произлегоа од оваа работилница! Работилницата е во…