Плати кафе со уметност | Младинска иницијатива во Кочани | Проект Младински локални иницијативи

Саботата (01.06.19) и сончевото време во Кочани беа искористени многу креативно и продуктивно од страна на тимот кој ја имплементира младинската иницијатива „Обединети со различностите“ и од страна на младите во Кочани! Концептот на настан беше таков да младите го „плаќаа“ своето кафе преку творба, есеј или цртеж кои ги изработија таму. Темата на која младите уметнички се изразуваа беше дискриминација и насилство. Настанот беше наменет за сите млади луѓе, беше поддржан од општина Кочани, а сите потребни материјали беа обезбедени од страна на тимот кој го организираше истиот. Огромна благодарност до Roxy Cafe кои беа расположени за соработка и овозможија креативен простор за уметничка експресија на младите и обединување на основа на нивните различности!:) *Настанот е во рамки на младинската локална иницијатива „Обединети со различностите“. „Младински локални иницијативи“ е проект кој Младите можат го имплементира, a e поддржан од Mladiinfo преку проектот Youth Bank Hub Western Balkan and Turkey и Европската унија.