На ден 05.06.2019 (среда) во 18:00 часот во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент се одржа настан од страна дел од активното членство на „Младите можат“. Имено, настанот во прашање беше панел – дискусија на тема „Кариерно насочување преку концептот „job-shadowing““ и истата беше организирана од страна на членовите на тимот „Umbra“, иницијативата за „job-shadowing“. На панел – дискусијата беа проследени мислењата и искуствата во врска со темата на следните говорници:
1. Христина Рунчева, универзитетски професор
2. Ивана Маринчек и Радмила Живановиќ, психолози
3. Билјана Велевска, кариерен советник
4. Мартин Трајановски, графички дизајнер; понудувач на „job-shadowing“ можности
5. Никола Гилев и Симеон Стојковски, ученици во средно училиште; учесници на „job-shadowing“ можности.
Во улога на модератори се наоѓаа Бојана Стефаноска и Лука Шаровиќ, членови на тимот „Umbra“. Панел – дискусијата беше проследена во најголем дел од средношколци, но и млади, заинтересирани за темата.
Дел од заклучоците, кои се изведоа на крајот од дискусијата, вклучуваат потреба од самостојност при изборот на кариерата, потреба од способност за адаптација на променетите услови на пазарот на трудот, како и подготвеност за соочување со ситуација, каде знаењата стекнати при студиите се нерелевантни за кариерниот пат. Во однос на главниот концепт на панел – дискусијата, „job-shadowing“, говорниците, кои споделија свое искуство со практиката, заклучија дека е добро помагало при изборот на идната кариера, како и при одредување на тоа дали личните претстави за таа кариера се поклопуваат со реалната слика или не.
Во следниот период следи поголема работа околу тоа да се обезбедат места за „job-shadowing“, која се состои од комуникација со претпријатија и склучување договори за соработка.