Од почетокот на јуни, започнува проектот „Млади на иста фрекфенција“ кој има за цел подобрување на видливоста, транспарентноста и отчетноста на Здружение на граѓани Младите можат преку воспоставување на долготрајни механизми кои ќе овозможат зајакнување на организацијата во независен и влијателен актер во граѓанското општество.

Целите на овој проект се во корелација со една од поставените цели во годишниот акциски план на Младите можат која е посветена на вредности, принципи и одржливост при извршното работење. Со овој проект ќе обезбедиме реализација на планираните активности, подготовка на стратегии, механизми и водичи кои понатаму ќе се усвојат и ќе се применуваат долгорочно во рамки на секој проект, програмска активност и генерално во работењето.

Целите на овој проект ќе се остварат во рамки на активности за градење на капацитетите на Извршната канцеларија, изработка на стратегија за алтернативно финансирање и комуникациска стратегија на Младите можат.

Тоа што во рамки на овој проект најголем дел од резултатите ќе бидат во форма на документи, стратегии и водичи е доволен индикатор за влијанието кое истите ќе го имаат на извршното работење без оглед на тоа кои индивидуи ја сочинуваат извршната канцеларија.

Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на МЦМС и ЕУ.

Овој проект е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).