Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.
Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.
Визија
Младите луѓе да земат активно учество во развојот на своите заедници и преку младински и социјален активизам, како моќни алатки за општествена промена, да одговорат на своите потреби во заедницата.
Мисија
Да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека можат самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.
Области на делување
Младински активизам
Младите-главни двигатели на напредокот на граѓанското општество, а активизмот-нивна моќна алатка за остварување на позитивни општествени промени.
Волонтерство
Служење во корист на заедницата, меѓусебно помагање и здружено делување насочено кон менување на светот како подобро место за живеење.
Неформално образование
Процес на стекнување на лични вештини, постојано надоградување и учење, себепронаоѓање, развивање на најдобрата верзија од себеси
Младински политики
Вклученост на младите во процесите на донесување одлуки и креирање на младинските политики на локално, регионално и национално ниво.