[Повик за учесници] Градење на здрави животни навики на момчињата во Ѓорче Петров
„Градење на здрави животни навики на момчињата во Ѓорче Петров“ е проект кој ќе трае 8 месеци (01.12.2022 – 31.07.2023) и чија цел ќе биде позитивно трансформирање на однесувањето кај младите момчиња со цел градење толерантни општества и превенција на врсничкото и родово базираното насилство. До сега во рамки на проектот се реализираа првите работилници за партиципативно учење и вклучување, додека пак во следната фаза ќе се спроведуваат работилници од страна на врснички едукатори чија општата цел е создавање динамични…