Јуни може да ви започне со интернационален тренинг за фасилитација во Бугарија!

Поминете 9 дена во Петрохан, Бугарија од 1ви до 9ти јуни заедно со 27 младински работници од Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Романија, Шпанија и Украина.

Тренингот “FIRST: Facilitation – Innovative Roadmap for Skills and Techniques” е одлична можност да научите или да ги надградите вашите вештини и техники за фасилитирање, да се вмрежите со колеги од Европа и да создадете пријателства за цел живот.

Профил на учесници:

  • Да се граѓани на Република Северна Македонија
  • Да се во можност да учествуваат во текот на сите предвидени денови на тренингот
  • Да работат директно со млади
  • Отворени за учење нови работи
  • Возраст 18+

Храната и сместувањето се покриени од страна на организаторот. Трошоците за превоз ќе бидат рефундирани од страна на партнер организацијата.

Повеќе информации може да најдете во следниот инфопакет.

Рок за пријавување е до 02.05.2023 година со испраќање на ЦВ на [email protected]. со назнака Учество на Еразмус+ тренинг во Бугарија.