Да се биде добар фасилитатор е голем предизвик. Каков фасилитатор си ти? Кој метод најмногу ти одговара? Дали навистина си подготвен/а за да бидеш фасилитатор?

Од 30.04 до 06.05.2023 во Омен, Холандија во партнерство со Olde Vechte се организира тренинг “RePlay- the Training”.

За време на тренингот ќе имаш можност да:

– се чувствуваш посигурно во развојот на активности;

– бидеш желен да ги поддржуваш другите во нивниот процес на учење;

– да развиеш елементи кога станува збор за фасилитација и дизајнирање програми;

– да ги подобриш своите вештини и самодоверба како фацилитатор;

– да развеш свој уникатен стил на фасилитација.

За кого е наменет овој повик?

– млади на возраст од 21–28 години;

– активни млади во организации и/или локална заедница;

– некој кој има фасилитирано активност/игра за групи (или има желба да го прави истото);

– некој што сака да работи со фасилитација во професионален контекст;

– желни да дознаат повеќе за олеснување и за развој на образовни искуства;

– возбудени за игри и активности;

– способни да говорат и работат на англиски јазик;

– мотивирани да создаваат можности за учење за другите.

Храната и сместувањето се покриени од страна на организаторот. Трошоците за превоз ќе бидат рефундирани од страна на партнер организацијата.

Дополнителни трошоци кои мора да ги подмирите се: 50 евра за партнер организацијата кои може да ги платите од вашата рефундација доколку користите green travel или 75 евра за партнер организацијата кои може да ги платите од вашата рефундација доколку користите non-green travel.

Повеќе информации за тренингот може да прочитате на следниов линк.

Рокот за аплицирање е до 14.03.2023(23:59). Се аплицира со пополнување на формуларот на следниов линк.

За дополнителни прашања слободно пишете ни на [email protected] или јавете се на телефонскиот број 071779381.