Сѐ што слушаме [Едукативна работилница]
На 27.10.2018 во просториите на СУГС “Орце Николов“ се овозможи атмосфера исполнета со спонтаност и амбиција. Беше оддржана еднодневна работилница на тема музика и психологија – “Сѐ што слушаме“. Идејата за оваа работилница, која дојде токму од страна на фасилитаторот на истата – Лука Ѓоргиевски, успешно се организираше како настан од страна на неколку активни членови од тимот за ментално здравје на Младите можат. Благодарение на разбирањето на тоа колку се значајни овие теми да се разработат подетално, директорот од…