„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2018та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите.

Во рамките на проектот Младински локални иницијативи, поточно на почетокот на неговата втора фаза, Младите можат има потреба од ангажирање на :

  • Еден тренер за одржување на два дводневни модули на обуки на тема „Младинско учество, застапување и лидерство“ (еден модул за 10 млади во Велес на 23ти и 24ти февруари и еден модул за 10 млади во Кочани на 23ти и 24ти март).
  • Еден тренер за одржување на два дводневни модули на обуки на тема „Планирање на иницијатива и тимска работа“ (еден модул за 10 млади во Велес на 02ри и 03ти март и еден модул за 10 млади во Кочани на 30ти и 31ви март).

За ангажманот на тренерите е предвиден паричен надоместок.

Ангажманот на секој тренер предвидува:

  • Подготовка на агенда и сесии за дводневна обука на 10 млади на соодветните теми
  • Подготовка на две дводневни обуки заедно со проектниот координатор.
  • Одржување на две дводневни обуки (една во Велес, една во Кочани)
  • Комуникација со иницијативните тимови и follow-up доколку е потребно за време на имплементацијата на нивните иницијативи.
  • Подготвување и доставување на извештај по одржување на обуките

Потребни квалификации:

  •  Двегодишно искуство како тренер во горенаведените области;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност, посветеност;
  • Докажани способности за планирање, менаџирање на време и имплементација на обуки од зачеток до финално известување;
  • Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходн активности или проектот).

Начин на аплицирање: Со испраќање на ваша кратка биографија на [email protected] со назнака „Апликација за тренер [проект Младински локални иницијативи]“

Рок на аплицирање: 13ти февруари, 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected].

„Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат ќе го имплементира, a e поддржан од Здружение за едукација Младиинфо Интернационал преку проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”. Проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey” е финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван од страна на 5 организации од регионот (Mladiinfo International од Македонија, Fondacija Ana I Vlade Divac од Србија, NVO Prima од Црна гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција).