Те интересира работа со млади? Сакаш да волонтираш во најголемата Германска младинска фондација?

Младите можат споделува можност за волонтирање која доаѓа од најголемата младинска фондација во Германија, Schuler Helfen Leben и е во времетраење од 13 месеци во Lübeck или Neumünster, Германија.
Времетраење: 13 месеци – средина на јули 2019 до средина на август 2020. (Вклучен е 26 дневен одмор)
Локација: Канцеларии во Lübeck или Neumünster

Идеална возраст за учесниците е од 18-23 години. Очекуваното ниво на учесниците на Германски јазик е минимум Б1, доколку е потребно, ќе бидат организирани понатамошни курсеви обезбедени од Schuler Helfen Leben.

Организацијата ги покрива сите директно поврзани трошоци со волонтирањето вклучивајќи ги: сместување, патни трошоци, педагошка поддршка, месечен џепарлак, виза, здравствено осигурување, обемна програма со семинари и останати неопходни трошоци.

Lübeck– Регионален координатор

Обврските на Регионалните координатори ќе вклучуваат подготовка на работилници и презентации кои ќе ги држат во училиштата ширум Германија на теми „Што е Балканот?“, „Што е Сирија?“, „Зошто е важен граѓанскиот активизам таму?“ и инфо штандови за млади, нивно информирање и поттикнување на младински активизам.

Потребни квалификации се:

  • Презентациски и комуникациски вештини
  • Љубопитност и емпатија
  • Самостојност и издржливост
  • Самодоверба и одговорност
  • Толеранција и сочуство
  • Интерес за работа со деца и млади
  • Основни технички вештини (автомобил, компјутер и сл.)
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Најмалку B1 познавање на германскиот јазик

Lübeck – Координатор за кампањи

Одговорности на волонтерот за позицијата координатор за кампањи ќе бидат:

  • Планирање и реализација на кампања
  • Дизајн на материјали за принт, видеа и слично
  • Техничка администрација на веб страна
  • Работа со Фотошоп, InDesign и видео едитирање
  • Продукција на видеа и содржина за социјални мрежи

Потребни квалификации:

  • ИТ знаење и разбирање на неколку хадверски и софтверски апликации
  • Креативност
  • Тимски работник
  • Сензитивност и толерантност
  • Возачка дозвола Б категорија(до старт од волонтерството)

Neumünster – волонтер

Одговорностите на волонтерот ќе бидат:

  • Поддршка во планирање, спроведување и евалуација на почетен и завршен семинар
  • Поддршка во планирање, спроведување и евалуација на интернационални средби и академии
  • Однос со јавност
  • Поддршка на локални млади во развивање проекти и спроведување

Потребни квалификации:

  • Можност да работат во тим
  • Самодоверба и одговорност
  • Емпатија и толерантност
  • Желба да работат со млади
  • Основни познавања на компјутерски програми
  • Искуство со волонтирање во младински организации, планирање и спроведување активности како работилници/семинари

Начинот на аплицирање е со испраќање на следните документи:

  • Пополнет апликациски формулар
  • Мотивациско писмо со содржина не повеќе од една или две страни. Во него објаснувате зошто одлучивте да аплицирате, од каде ви доаѓа мотивацијата и зошто токму вие сте вистинската личност за да волонтера на оваа можност
  • Табеларно CV
  • (Незадолжително) Сертификати, квалификации од проект, работно искуство и слично

Документите се испраќаат на мејлот [email protected].
Рок за аплицирање: февруари 17ти, 2019та

Повеќе информации на линковите подолу:

Lübeck: https://tinyurl.com/yauvh6xt
Neumünster: https://tinyurl.com/yavn95lo

Доколку сте заинтересирани за аплицирање или имате дополнителни прашања, обратете нѝ се на [email protected] или на формата подолу.

[wpforms id=”2773″]