Повик за ЕСК волонтери во Холандија

Дали некогаш си помислил/а да престојуваш и волонтираш во Холандија? Сега имаш можност да бидеш дел од ЕСК волонтери кои ќе престојуваат и волонтираат во Холандија, наредната година, започнувајќи од 01 септември 2019 година. Станува збор за 12 – месечен проект во Rock Solid Foundation во Холандија. Имате можност да волонтирате во една од 3 организации.

Во текот на проектот ќе имате и дополнителна можност да се вклучите во проектите и активностите на Rock Solid Foundation, да го научите Холандскиот јазик и да ја открите културата, да патувате и да остварите нови познанства кои може да ви го променат животот.

Целта на волонтерите е поделена на два сегмента:
• Активизам – ќе имате можност да учествувате во социјални проекти, да бидете дел од заедницата, да учите како да живеете заедно со други волонтери со различно потекло, верувања и идеи.
• Личен развој – како да созреете и станете независни, ќе научите како да работите во тим, да добиете пошироко разбирање и перспектива за општеството и заедницата, да откриете и развиете нови квалитети, вештини и таленти.

Можете да бидете ЕСК волонтери на три организации:

*ЕСК – Европски солидарен корпус. Оваа програма до крајот на 2018та беше позната како европски волонтерски сервис(ЕВС).

HUMANITAS

HUMANITAS работи на полето на млади и возрасни со интелектуална и сензорна попреченост. Дел од обврските на волонтерите се комуницирање и помош на клиентите во тек на дневни рутини(организирање на соби, пазарење), паузи, прошетки и организирање со клиентите како божиќни декорации, работилници, филмски вечери итн.

SIZA

SIZA овозможува поддршка за луѓето со психичка и физичка попреченост. Преку помагање, социјални активности и заеднички пристап на предизвиците на клиентите, волонтерите ќе можат да придонесат во работата на SIZА.

JEUGDDORP DE GLIND (of the RUDOLPH STICHTING)

Оваа организација постои преку 100 години и работи со млади кои не живеат дома поради психо-физички хендикеши, аутизам итн.

Помагање на родителите, организирање екстра активности за децата и тинејџерите и директно помагање на децата ќе можете да волонтирате и да придонесете кон подобро функционирање на „Младинското село„

Сите детали околу самите проекти, искуството и опис на домаќин-организацијата и местото на престојување може да ги погледнете во инфо пакетот.

Краен рок за аплицирање е 15ти февруари 2019година. Сите заинтересирани треба да испратат CV со слика и мотивационо писмо на [email protected].

Сите заинтересирани, коишто ќе аплицираат на проектот ги замолуваме да не` известат и да не` вклучат во комуникацијата при аплицирањето и процесот на селекција со вметнување на нашиот мејл ([email protected]) во cc на мејлот.

Доколку можеме да ви помогнеме на било каков начин слободно обратете ни се на [email protected].

Останати повици

[Повик] 2 ЕВС волонтери во Романија

Сакаш да организираш локални настани? Да соработуваш со млади? Да волонтираш 1 година во Романија? Биди еден/една од двата волонтери кои Младите можат ќе ги испрати на проект кој цели …

Волонтирај во најголемата младинска фондација во Германија!

Те интересира работа со млади? Сакаш да волонтираш во најголемата Германска младинска фондација? Младите можат споделува можност за волонтирање која доаѓа од најголемата младинска фондација во Германија, Schuler Helfen Leben …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *