Отвораме повик за учесници на младинската размена „CONTRIBUTIONS F(OR) OUR COMMUNITY “. Бидете дел од 50 млади од 7 различни земји, заедно со уште 6 млади од Макеоднија кои во период од 6 дена ќе можат да развијат чуство на заедничка одговорност за иднината на локалните заедници како и на ниво на Европското општество.

Кога? – 30 септември до 7 октомври

Каде?Темишвар, Романија

Фокусот на младинската размена ќе биде на темите: младинско учество, волонтирање, планирање, проактивност, мултикултурализам и разбирање на различностите.

Доколку сте на возраст од 18 до 30 години, го познавате англискиот јазик и имате познавање со темите на размената и сакате да дознаете повеќе за Еразмус+ програмата, оваа размена е токму за вас!

Учесниците ќе научат како да анализираат ресурси и да планираат активности во општеството се со цел да бидат активни и да направат промена. Исто така, ќе научат за други култури и за процесите на учење како и за Youthpass сертификатот.

По размената, од учесниците се очекува да направат активност со која ќе ги споделат искуствата и научените лекции од размената.

Повеќе информации за размената можете да најдете на инфопакетот.

Проектот е финансиран од страна на Европската комисија од програмата Еразмус+. Организаторот на овој проект обезбедува рефундирање на патните трошоци до 180 евра. Сите останати трошоци се покриени од негова страна (сместување, храна). По завшувањето на размената, учесниците ќе добијат YouthPass сертификат (сертификат за неформално образование и може да се искористи во CV, апликации за работа/ училишта/ факултети и слично.)

Начин на пријавување: Пополнување на апликацискиот формулар кој можете да го најдете на овој линк.

Рокот за пријавување e во тек.

Одбраните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација.

Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете ни на [email protected].