Зошто е небото сино? За што ќе ми се потребна хемијата или математиката ? Зошто Месечината ја гледаме во различни форми?

Ако си заинтересиран за природните науки и си поставуваш слични прашања,  те покануваме да ни се придружиш на Кампот за природни науки Embrace Science.

Ние сме пет ученика кои се вљубеници во природните науки и се дел од тимот за образование на активното членство на Младите Можат. Наша цел е да им покажеме на младите дека природните науки не се досадни и неразбирливи и дека тие имаат голема примена во секојдневниот живот.

Дводневниот камп ќе се одржи на 22 и 23 Септември во СУГС Никола Карев со почеток од  9:30ч.  Планот за кампот е двата дена да се одржат по пет предавања од темите Биологија, Хемија, Математика, Астрономија и Физика. Кампот е наменет за учениците од сите основни училишта од 6то до 9то одделение, а учеството е бесплатно.  Учениците ќе  биде организирани во две групи:

  • Прва група – 15 ученика од 6то и 7мо одделение
  • Втора група -15 ученика од 8мо и 9то одделение

Сите заинтересирани ќе ја најдат апликациската форма на овој линк.