Сакаш да волонтираш? Си размислувал/а да организираш активности? Сакаш да се изразуваш креативно?

Младите можат споделува можност за волонтирање во Дрезден, Германија. Волонтирањето е од времетраeње од 12 месеци, започнувајќи од октомври 2018 до септември 2019та.

Организацијата – домаќин е Kultur Aktiv која има 10 годишно искуство со Еразмус плус програмата. Преку мобилности и локални активности, тие промовираат култура и уметност како и волонтирање. Тие организираат фестивали, концерти и забави, филмски вечери, практиканства и волонтерства, тренинзи и работилници како и разновидни дискусии. Дополнително, даваат можност на секој да спроведе некоја активност со нивна поддршка. Повеќе информации за организацијата на http://www.kulturaktiv.org/?lang=en.
Здружението за култура и уметност Таксират – Скопје, е долгогодишен соработник со германскиот Култур Актив, овозможувајќи младите од Македонија да се стекнат со интернационално искуство во полето на креативните индустрии.

Активности на волонтерот би биле:
– Планирање, спроведување и проценка на мали проекти
– Помош при подготовка и спроведување на проекти
– Развивање на соработката на полето на културата помеѓу Скопје и Дрезден
– Креирање принт и онлајн материјали

Организацијата ви овозможува здраствено осигурување, сместување, интернет, храна, месечен надоместок како и часови по германски јазик. Како дел од прoектот ќе имате можност да бидете дел од активностите кои тие ги организираат. Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата.
Доколку си од 18-30 години, го познаваш англискиот и/или германскиот јазик (не е обврзувачки), имаш искуство на полето на културата (основно познавање на графички дизајн се смета за плус) – можеш да аплицираш уште сега!

Аплицирај на [email protected] со испраќање на CV и мотивациско писмо (должина – една А4 страна максимум) на англиски јазик.
Рок на пријавување: 14 Септември, 23:59.

Доколку имаш дополнителни прашања, пиши нѝ на [email protected] .