Дали некогаш си помислил/а да престојуваш и волонтираш во Холандија? Сега имаш можност да бидеш дел од ЕСК волонтери кои ќе престојуваат и волонтираат во Холандија, наредната година, започнувајќи од 01 септември 2019 година. Станува збор за 12 – месечен проект во Rock Solid Foundation во Холандија. Имате можност да волонтирате во една од 3 организации.

Во текот на проектот ќе имате и дополнителна можност да се вклучите во проектите и активностите на Rock Solid Foundation, да го научите Холандскиот јазик и да ја открите културата, да патувате и да остварите нови познанства кои може да ви го променат животот.

Целта на волонтерите е поделена на два сегмента:
• Активизам – ќе имате можност да учествувате во социјални проекти, да бидете дел од заедницата, да учите како да живеете заедно со други волонтери со различно потекло, верувања и идеи.
• Личен развој – како да созреете и станете независни, ќе научите како да работите во тим, да добиете пошироко разбирање и перспектива за општеството и заедницата, да откриете и развиете нови квалитети, вештини и таленти.

Можете да бидете ЕСК волонтери на три организации:

*ЕСК – Европски солидарен корпус. Оваа програма до крајот на 2018та беше позната како европски волонтерски сервис(ЕВС).

HUMANITAS

HUMANITAS работи на полето на млади и возрасни со интелектуална и сензорна попреченост. Дел од обврските на волонтерите се комуницирање и помош на клиентите во тек на дневни рутини(организирање на соби, пазарење), паузи, прошетки и организирање со клиентите како божиќни декорации, работилници, филмски вечери итн.

SIZA

SIZA овозможува поддршка за луѓето со психичка и физичка попреченост. Преку помагање, социјални активности и заеднички пристап на предизвиците на клиентите, волонтерите ќе можат да придонесат во работата на SIZА.

JEUGDDORP DE GLIND (of the RUDOLPH STICHTING)

Оваа организација постои преку 100 години и работи со млади кои не живеат дома поради психо-физички хендикеши, аутизам итн.

Помагање на родителите, организирање екстра активности за децата и тинејџерите и директно помагање на децата ќе можете да волонтирате и да придонесете кон подобро функционирање на „Младинското село„

Сите детали околу самите проекти, искуството и опис на домаќин-организацијата и местото на престојување може да ги погледнете во инфо пакетот.

Краен рок за аплицирање е 15ти февруари 2019година. Сите заинтересирани треба да испратат CV со слика и мотивационо писмо на [email protected].

Сите заинтересирани, коишто ќе аплицираат на проектот ги замолуваме да не` известат и да не` вклучат во комуникацијата при аплицирањето и процесот на селекција со вметнување на нашиот мејл ([email protected]) во cc на мејлот.

Доколку можеме да ви помогнеме на било каков начин слободно обратете ни се на [email protected].

Останати повици