fbpx

Час за час

“Временска банка” или “Time banking” како концепт е начин на трошење на еден час време за да му помогнете на некој друг преку вештините што вие ги поседувате и на тој начин да си овозможите себеси да заработите кредит од еден час за возврат за услуга што вас ќе ви биде потребна и можете да ја добиете од еден час од нечие време. Клучен принцип што ја поддржува вредноста на Временската банка е препознавање и уважување на потенцијалот на секоја индивидуа или група да понуди одредени знаења или вештини и да го инвестира своето време во развојот на заедницата.

“Златно правило” на концептот на Временската банка е следниот: Еден час од моето време е еднаков на еден час од твоето време. Еден час од дадена услуга некому заработува кредит од еден час за да добиеш услуга. За еден час примена услуга “се плаќа” кредит од еден час. “Временската банка” како концепт е применлива на секоја категорија на граѓани, без разлика дали се индивидуи или поголеми групи, како цело семејство, организација, институција, компанија.

Посветеноста кон основните вредности на овој концепт, ни овозможува да го почувствуваме духот на Временската банка и истиот да го одржуваме. Основни вредности на кои се заснова Временската банка се:

  • Ресурси: секоја индивидуа има нешто да понуди;
  • Цена: сечие време и придонес се цени подеднакво;
  • Реципроцитет: охрабрување на секој и да понудува, но и да добива услуги за возврат – гради доверба и чувство на заедништво;
  • Заедница: заедно сме посилни;
  • Почит: Почитување на различностите е коренот на еднаквоста.

Кон часзачас.мк.

Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.

Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Социјални мрежи
Последни проекти