Соопштение за почеток на проект Младински локални иницијативи

Идентификувај Инспирирај Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2018та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите.

 

Проектот Младински локални иницијативи ќе биде имплементиран во периодот од септември, 2018 г. до септември 2019 г. во општина Кочани и општина Велес.

Општа цел на проектот: Да се зајакне демократскиот дух кај младите луѓе преку младинско учество и младински активизам во две општини во Македонија (о. Кочани и о. Велес).
Специфична цел 1: Да се детектираат потребите на младите од аспект на општествена, економска и политичка инклузија во нивните општини преку спроведување на фокус групи и теренско истражување.
Спрецифична цел 2: Да се зајакне младинското учество во локалните граѓански процеси во двете таргетирани општини преку имплементација на две младински иницијативи за застапување од страна на 20 млади кои живеат во општините.

Проектот се состои од две фази:

  • Истражување за потребите и предизвиците со кои младите луѓе во Кочани и Велес се соочуваат
    Во периодот од септември до декември 2018 г. на основа на претходно подготвена методологија ќе биде спроведено истражување во двете општини преку фокус групи и теренски анкети со цел да се идентификуваат главните потреби и предизвици на младите во двете општини соодветно. Добиените резултати ќе се анализираат, од истите ќе се формулираат заклучоци и ќе се подготви публикација која ќе биде објавена и дисеминирана до сите засегнати страни. Идентификуваните младински предизвици ќе бидат понатаму она на што ќе бидат посветени локалните младински иницијативи за застапување.
  • Младински локални иницијативи за застапување
    Втората фаза на проектот следува по идентификуваните младински предизвици преку истражувањето и е предвидено да вклучи 20 млади од двете општини. Овие млади ќе поминат низ 2 модули на обуки преку кои ќе стекнат знаење и вештини за планирање, застапување, тимска работа, лидерство, правење промена во заедницата и младинско учество. По обуките младите ќе имплементираат локални иницијативи за застапување во период од три месеци во својата општина преку кои ќе ги адресираат на свој начин претходно идентификуваните предизвици. Преку иницијативите за застапување тие ќе остварат соработка со општините се’ со цел да се овозможи долгорочна соработка со локалните власти која ќе придонесе кон подобрување на животот на младите.

„Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат ќе го имплементира, a e поддржан од Здружение за едукација Младиинфо Интернационал преку проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”. Проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey” е финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван од страна на 5 организации од регионот (Mladiinfo International од Македонија, Fondacija Ana I Vlade Divac од Србија, NVO Prima од Црна гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција).