Social Day, добро познат концепт во нашата држава кој по втор пат ќе овозможи општество во кое младите се лидери на сегашноста и иднината.

На 9 Ноември 2022г. Social Day ја продолжува својата мисија. Овој пат, во Скопје, Штип, Битола и Охрид ќе се оствари соработка помеѓу младите и бизнис заедницата. Од една страна младите ќе бидат дел од општествената промена , а од друга страна бизнис заедницата ќе биде „ин“ и ќе додели дневница за поголем младински фонд.

Идејата е едноставна, младите луѓе заменуваат еден ден на училиште за работа која тие ја бираат, односно 300 млади донираат дел од своето време и својата дневница за да бидат поттикнувачи на општествена одговорност, развој и солидарност за реализација на младински проекти во нашата држава.

Како организација целиме да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека  можат самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството. Младите се катализатори на промени чиј потенцијал треба да се охрабрува, пред се од нивните заедници. Нашата мисија е да ги подготвиме младите за лична позитивна трансформација, да придонесеме кон општество во кое младите се двигатели на промена за слободно и одговорно инклузивно општество. Преку програмата за имплеметација на Social Day сакаме да видиме ангажирани заедници, соработка помеѓу државните институции, граѓанските организации и бизнис секторот, поддршка од родителите, врсниците, наставниците, младинските работници и кариерните работници кои креираат овозможувачки и поддржувачки средини за младите. Веруваме во млади коишто размислуваат глобално, но делуваат локално, млади кои имаат развиено чувство за солидарност, млади кои го инвестираат своето време за подобрување на состојбите во својата заедница, млади кои веруваат во одржлив свет.

За време на Social Day 2021 докажавме дека преку еден проект може да се постигне активно граѓанство, солидарност, волонтирање, кариерен развој, општествена одговорност, младински фонд, поддршка, соработка и одржливост.

Social Day 2021

Како ќе го реализираме?

На кој начин можеш да се приклучиш

Понудени позиции за Social Day 2022