1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на надворешен соработник – преведувач од македонски на албански јазик за потребите на проектот “All for You(th), финансиран од Европската комисија”. На овој повик се поканети да учествуваат преведувачки агенции – правни лица или индивидуи преведувачи.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Доставување на превод на публикација од околу 100 страници, од македонски на албански јазик, која вклучува превод на графикони, до проектниот тим во договорениот временски период;
  • Доставување на превод на публикација од околу 30 страници, од македонски на албански јазик, која вклучува превод на графикони, до проектниот тим во договорениот временски период;
  • Следење на предлозите и забелешките на проектниот тим од Младите можат и нивна доследна примена; и
  • Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
  1. Потребни квалификации
  • Универзитетска диплома по Албански јазик и литература.
  • Минимум 2 години професионално искуство во преведување и толкување од македонски на албански јазик;
  • Искуство со превод на текстови од областа на младинскиот активизам ќе се смета за предност;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на експертот/ката
  • Финансиска понуда – понудена нето и бруто цена за една страна страница превод (1800 карактери, вклучувајќи ги и празните места, од преведениот текст) и цена за работен ден.

 

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за преведувач. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 25 март 2022г., 23:59.

Преведувачот се очекува да почне со работа од 01 април и да заврши со финален превод на публикациите до 10 април 2022г.

Процедура за избор: Младите можат ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во концептот, понудената цена и искуството на понудувачот. Младите можат го задржува правото да избере една или неколку понуди целосно или делумно или да не одбере ниту една од понудите. Младите можат се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.

Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]