Имаш желба да бидеш општествено одговорен/на? Сакаш да направиш промена во твоето секојдневие? Можеби сакаш таа промена да се отслика и во твојата околина? Имаш искуство со активизам но, голема желба ти е да научиш како да ги поттикнеш и другите да бидат општествено одговорни? Имаш ли слушнато за Social Day?

Идејата позади Social Day е едноставна, тоа е ден кој што ни помага во текот на целата година да промовираме општествена одговорност во секој сегмент од нашето општетсво.  За време на Social Day младите луѓе заменуваат еден ден на училиште за работа која тие ја бираат, односно 300 млади донираат дел од своето време и својата дневница за младински проекти во нашата држава. Но, преку целосната програма за имплеметација на Social Day сакаме да видиме ангажирани заедници, соработка помеѓу државните институции, граѓанските организации и бизнис секторот, поддршка од родителите, врсниците, наставниците, младинските работници и кариерните работници кои креираат овозможувачки и поддржувачки средини за младите.

За да го оствариме тоа, потребен е тим од 40 млади ентузијасти од Скопје, Охрид, Битола и Штип кои ќе делуваат во своите региони и се подготвени за лична позитивна трансформација, да придонесат кон општество во кое младите се двигатели на промена за слободно и одговорно инклузивно општество.

Начин на аплицирање: Со пополнување на апликациска форма којашто се наоѓа на линкот подолу, најдоцна до 14.03.2022г. (23.59 часот).

Приклучи се на тимот на промотери