Дали сакаш да се запознаеш со алатките потребни за успешно управување на работа во тимови? Дали сакаш да научиш како соодветно да даваш поддршка во сите фази на процесот?
Доколку одговорот на овие две прашања е да, тогаш побрзај и пријави се!

Тренингот е 10 дневен настан на кој учество ќе земат по 3 учесници од Полска, Шпанија, С. Македонија, Романија, Италија, Грција, Словакија и Малта. Учесниците ќе бидат сместени во HOTEL DOBIESZKÓW – TRAINING AND RELAX CENTER во близина на градот Лоџ.

Што можете да добиете од учество на овој тренинг?

  • да го зголемите вашето знаење за тимска работа
  • да стекнете знаења за процеси и техники што можат да се користат во секоја фаза од тимската работа
  • да развиете вештини за поддршка на тимови за време на процеси на тимска работа
  • да ја зголемите свеста за значењето на тимските процеси покажувајќи го нивното влијание врз дневната работа

Профил на учесници

  • Лица над 18 години
  • Познавање на В2 ниво англиски јазик
  • Лица активно вклучени во областа на младинската работа кои во моментов работат со млади
  • Лица кои се во можност да присуствуваат на сите работни денови и сесии
  • Мотивирани и заинтересирани за темата на обуката
  • Со позитивен став и мотивација за соработка во меѓународни тимови
  • Мотивирани и подготвени да спроведат активности за дисеминација и споделување преку организирање работилници после завршувањето на тренингот.

Датуми за тренингот:

Датум за пристигнување: 30.01.2020

Тренингот од 31.01.2020 до 07.02.2020

Датум за заминување: 08.02.2020

Финансии:

Трошоци за патување ќе бидат покриени по тренингот во висина од 275 евра

Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат и истите подмируваат 50% од висината на партиципација.

Доколку си заинтересиран/а, можеш да аплицираш со пополнување на формуларот на овој линк најдоцна до 12.12.2019.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected].