Company Shuttle во Johnson Matthey | Повик за студенти – учесници

Младите можат и ИАЕСТЕ Македонија започнуваат со организирање на првата активност од проектот „Чекор кон кариерата од твоите соништа“ кој партнерски го имплементираат.

Првата активност наменета за сите студенти од техничките факултети е Company Shuttle. 

Company Shuttle е интернационален проект, дел од програмата на неколку ИАЕСТЕ зејми низ светот. Тоа е проект организиран од студенти – за студенти, со главна цел да се воспостави контакт помеѓу студентите и компаниите. Ова претставува одлична можност за студентите да се запознаат со начинот на работа на некоја компанија, како и технологиите што секојдневно се користат.

Company Shuttle ќе им овозможи на студентите од техничките факултети да го искусат инженерството во реалниот живот и проблемите што доаѓаат со него, ќе им овозможи на студентите да работат на вистински проект менториран од професионалци, со што ќе се стекнат со практично знаење, а и можност да стапат во контакт со компаниите кои би можеле да бидат нивни работодавци или соработници во иднина.

Првата компанија која ја избравме и со која ќе соработуваме е Johnson Matthey. Со тоа предизвикот ќе е наменет за студентите од Машински Факултет, Технолошко-металуршки Факултет и Факултетот за Електротехника и Инфромациски Технологии.

Активноста официјално започнува на 10.12.2019 година, кога ќе се оди во посета на компанијата и  учесниците ќе се запознаат со компанијата и со тоа што тие во моментов работат. Потоа ќе следи двонеделен проект, во вид на предизвик, кој ќе треба да го изработат во тим од тројца или четворица и кој потоа ќе го презентираат во просториите на комапнијата. За добро изработен проект и извештај од истиот, студентите ќе заработат 2 ЕКТС во согласност со факултетот, а за победничкиот тим ќе следи и награда.

Затоа побрзај и пријави се за учество на Company Shuttle уште денес со пополнување на формата достапна на овој линк.
Формата за пријавување е отворена до 3.12.2019.


*Company Shuttle е во рамки на проектот „Чекор кон кариерата од твоите соништа“ кој е импементиран од страна на Здружение на граѓани Младите можат и ИАЕСТЕ Македонија. Овој проект е дел од тригодишниот проект WeB4YES (Western Balkan Civil Society Organisations for Youth Employment Support) финансиран од Европската Унија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *