Иницијативата за заштита на животната средина „Екоизам“, од активното членство на „Младите Можат“, објавува конкурс за изложба и избор на најдобра фотографија. Изложбата на фотографиите ќе биде дел од настанот „Не биди егоист, биди екоист“ кој ќе се одржи на 14ти декември во просториите на СУГС „Орце Николов“.  Целта на овој настан е подигнување на свеста кај младите за зачувување на животната средина.

Фотографиите треба да бидат на следниве теми: заштита на животната средина,   уништување и загадување на воздухот и околината. Право на учество имаат млади од 15-29 години и секој може да учествува со само една фотографија. Фотографиите можат да бидат направени со мобилен телефон или со фото апарат и истите да се испратат на e-mail [email protected] заедно со име, презиме,  контакт телефон и слоган или краток опис на фотографијата.

Испратените фотографиите  не треба да бидат со дискриминирачка и насилна содржина и не треба да ја нарушуваат ничија приватност. Изборот за најдобра фотографија ќе се спроведе преку тричлено стручно жири. Најдобрата фотографија ќе биде прогласена на настанот и истата соодветно ќе биде наградена. Конкурсот трае од 5-12ти декември.