[ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧ/КАРИЕРЕН СОВЕТНИК] – ПРОГРАМА ЗА КАРИЕРНО НАСОЧУВАЊЕ

ПРОЕКТ: КАРИЕРЕН ПАТ: НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР

Здружение на граѓани Младите можат отвора повик за кариерен советник/обучувач за подготовка на предлог програма за кариерно насочување на 20 средношколци и имплементација на истата.

Програмата за кариерно насочување во рамки на проектот „Кариерен пат: Направи го првиот чекор“ има за цел да ги идентификува и разбере интересите, талентите и претензиите во поглед на академско образование и кариера на 20 средношколци во тек на 4 дводневни модули на обуки за кариерно планирање и стекнување вештини за ефективен премин од средно училиште кон понатамошно образование, обука или вработување. Програмата е потребно да вклучува сесии, вежби, насоки и тестови за развивање вештини, самопроценување, информирање, акционо планирање, лично презентирање итн.

Очекувани резултати од програмата за кариерно насочување:
– 20 средношколци имаат лични кариерни планови, поголема свест за себеси и визија за понатамошната кариера и кариерен пат преку 4 модули на дводневни обуки за кариерно насочување
– Поттикнат личен развој и разбирање на значењето на истото на лично и професионално ниво од страна на 20 средношколци
– Креирана интензивна програма за кариерно насочување од 4 дводневни обуки и пилотирање на истата во текот на проектот

Задачи и одговорности:

Главните задолженија на кариерниот советник и воедно имплементатор на програмата се следните:

  • Редовно да комуницира и да се координира во однос на својата работа со проектниот координатор
  • Да одржи две подготвителни средби со членовите на Извршната канцеларија на Младите можат за предлог програмата за кариерно насочување
  • Да изработи програма за кариерно насочување составена од 4 модули и да подготви пропратни документи/вежби и се останато во рамки на истата.
  • Да одржи 4 дводневни обуки за кариерно насочување согласно програмата за 20 средношколци во период од два месеци
  • Да го следи учеството и развојот на учесниците во рамки на програмата
  • Да поднесе финален извештај по имплементацијата на програмата за кариерно насочување

Потребни квалификации:

  • Најмалку две години професионално искуство во кариерно советување на млади
  • Докажано искуство во работа со млади
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик
  • Вештини за тимска работа и флексибилност

Времетраење на ангажманот:

Избраниот експерт ќе биде ангжиран во периодот од 15.07.2019 година до 30.09.2019 година. Временската рамка на активностите е следната:

  • Одржување на средби со членовите на Извршната канцеларија и подготовка на предлог програма (15.07.2019 – 31.07.2019)
  • Имплементација на 4 дводневни обуки во рамки на програмата (01.08.2019 – 30.09.2019)

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија
  • Прилог со референци од претходно искуство

Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават своите апликации најдоцна до 12.07.2019 (23.59) преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Апликација за кариерен советник [Проект Кариерен пат: Направи го првиот чекор].

Овој повик е дел од проектот „Кариерен пат: Направи го првиот чекор “ кој има за цел да се развие разбирање на потребите, интересите, вредностите, талентите и претензиите во поглед на образование, вештини, вработливост и работа на повеќе од 320 млади од Скопје преку три големи активности – Програма за кариерно насочување, Запознај го УКИМ и Мотивациски викенд 6.

Проектот е поддржан од Агенција за млади и спорт на Република Северна Македонија.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *