[Повик за ангажирање на лице] – Изработка на план за алтернативно финансирање

Здружението на граѓани Младите можат – Скопје отвара повик за ангажирање на лице за изработка на план за алтернативно финансирање.

На годишно ниво,  Младите можат традиционално спроведува неколку програми и проекти. Оваа година ќе се реализираат Мотивациски викенд во шесто издание и програмата Младински лидерски иницијативи по 4ти пат. Програмата за волонтирање Make a change: Be a volunteer! веќе пет пати е спроведена, додека пак програмата за локален активизам, Младински локални иницијативи во изминатите 7 години е спроведена во повеќе од 10 општини во и надвор од Скопје.

Од тука доаѓа и потребата за редовност на поддршка од различни актери за финансирање на активностите односно да се намали зависноста на активностите од национални и меѓународни донатори.

Целта на ангажманот е зајакнување на капацитетите на организацијата за алтернативно финансирање на веќе постоечки успешни проекти и активности, преку креирање на годишна програма и водич за пристап до бизнис заедницата и изнаоѓање на начини на алтернативно и одржливо финансирање на успешните приказни на Младите можат.

Задачи и одговорности на лицето одговорно за изработка на план за алтернативно финансирање на Младите можат ќе бидат:

  • Спроведување на консултативен процес со членови на Извршната канцеларија
  • Редовни состаноци со проектниот координатор и редовна комуникација
  • Креирање на годишна програма за алтернативно финансирање на активности
  • Креирање на водич за лобирање и пристап до компании
  • Креирање база на компании, годишни поддржувачи на активностите на Младите можат

Потребни квалификации:

  • Искуство во меѓусекторска соработка, односно соработка на граѓански организации со бизнис секторот
  • Искуство во креирање и спроведување на механизми и методи за финансирање на активности, организации и/или иницијативи
  • Способност за работа во тим и искуство со спроведување на консултативен процес

Времетрање на ангажманот: Во периодот од започнување на ангажманот на почетокот на август, времетрањето на ангажманот ќе се одвива се до крајот на септември 2019та. Во овој период треба да се завршат сите горенаведени задачи и одговорности.

Начинот на аплицирање е со испраќање на кратка биографија (CV), методологија на работа и финансиска понуда.

Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават своите апликации најдоцна до 05.08.2019 (23:59 часот) преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Пријава за експерт за алтернативно финансирање.

Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.

Овој повик е дел од проектот „Млади на иста фрекфенција“ кој има за цел подобрување на видливоста, транспарентноста и отчетноста на Здружение на граѓани Младите можат преку воспоставување на долготрајни механизми кои ќе овозможат зајакнување на организацијата во независен и влијателен актер во граѓанското општество.

Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на Македонски центар за меѓународна соравботка и Европската унија.

Проектот е финансиски поддржан од програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]