[Повик за ангажман на лице] – Бележење искуства од Младите можат

Младите можат отвараат повик за лице кое ќе биде одговорно за спроведување на процес на забележување на искуствата на млади кои биле вклучени во тела, активностите на Младите можат. Целта на овој процес е да се забележат искуствата на учесниците од проектите и активностите на Младите можат, членовите на управни и извршни тела како и од членството на Младите можат.

Задачи и одговорности на лицето одговорно за бележење на искуствата на млади од Младите можат ќе бидат:

  • Составување на методологија и пристап за забележување на искуствата
  • Мапирање и комуникација со таргет групата
  • Состаноци и средби со поранешни членови на телата на Младите можат
  • Составување и преточување на лични приказни во ведео, аудио, фото приказ и/или статии

Потребни квалификации:

  • Предходно искуство во работа со креирање на комуникациски материјали
  • Предходно работно искуство во креирање на документарни комуникациски материјали ќе се смета за предност
  • Познавање на работата на Младите можат
  • Одлични комуникациски вештини

Ангажманот ќе биде со времетрање од 10ти јули до крајот на септември 2019. Ангажманот се состои од активности во 3 фази:

  • Мапирање и комуникација со лица од целната група
  • Процес на пренесување на искуствата од лицата од таргет групата преку различни иновативни методи
  • Преку статија, видео, аудио и фото-приказ и раскажување приказна (storytelling) ќе се забележат искуствата на младите кои биле дел од Младите можат во изминатите 10 години

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија
  • Кратко портфолио од својата работа во изминатата година

Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават своите апликации најдоцна до 05.07.2019 преку електронска пошта, на [email protected].

Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.

Овој повик е дел од проектот „Млади на иста фрекфенција“ кој има за цел подобрување на видливоста, транспарентноста и отчетноста на Здружение на граѓани Младите можат преку воспоставување на долготрајни механизми кои ќе овозможат зајакнување на организацијата во независен и влијателен актер во граѓанското општество.

Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на МЦМС и ЕУ.

Овој проект е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]