Трибина „Нашата волонтерска приказна“ | Проект Младински локални иницијативи

?Со цел овозможување на мотивација и повеќе информации за волонтерството, што значи да се членува во граѓанска организација и да се биде дел од младински акции, тимот кој ја имплементира младинската локална иницијатива “Биди промената” организираше трибина за младите во Велес. ?‍♂️?‍♀️Трибината беше насловена “Нашата волонтерска приказна”. Пред многубројните присутни, поголемиот дел од нив ученици од основните и средни училишта од Општина Велес, најпрво се обрати градоначалникот на општина Велес, г-дин Аце Коцевски со поздравен говор и охрабување за младите да волонтираат а потоа четворица говорници, искусни волонтери од Велес, преку мотивациски говори ја споделија својата приказна и стекнатото искуство што им помогнало преку волонтирањето да се изградат себе си и да израснат во подобри личности и станат професионалци во својата работа. Ангел Гушев од Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ Велес, Анастасија Андовска од „Активо“, Ангел Киров од Организацијата на Црвениот Крст и Игор Смилев од еколошката групација „ Гринпауер“ споделија повеќе информации за тоа што значи да се биде волонтер, но и што значи да се биде дел од еден тим во една граѓанска организација.На трибината имаше претставиници, волонтери и од Мировниот корпус на Македонија, млади Американци кои волонтираат и живеат во Велес веќе две години. Тие го истакнаа значењето на младинскиот активизам и преку лични примери објаснија како тој може да им го промени животот на младите на подобро. Трибината се одржа на ?09.05.2019 (четврток) во ?Салата на општина Велес. Со овој настан беше одбележан и Денот на Европа (9ти мај). *Трибината е во рамки на младинската локална иницијатива за застапување која ја имплементира тим од 9 млади активисти во општина Велес, како дел од програмата за локален активизам од проектот Младински локални иницијативи. Проектот е имплементиран од Здружението на граѓани Младите можат, со поддршка од Mladiinfo, Youth Bank Hub Western Balkan and Turkey и Европската унија.