„Нашата волонтерска приказна“ | Трибина во рамки на младинската локална иницијатива во Велес

📣Здосадено ви е од едноличното секојдневие? Во потрага сте по нешто што ќе ви овозможи токму Вие да сте промената во ова општество? За мотивација и повеќе информации за волонтерството, што значи да се членува во граѓанска организација и да се биде дел од младински акции, тимот кој ја имплементира младинската локална иницијатива “Биди промената” организира трибина за младите во Велес.

🙋‍♂️🙋‍♀️Трибината е насловена “Нашата волонтерска приказна”, на неа ќе учествуваат неколку млади и успешни активисти од Велес кои со своите лични приказни ќе се обидат да ја мотивираат младината да волонтира.

Имињата на говорниците како и целосната агенда на настанот ќе бидат објавени наскоро на официјалниот фејсбук настан.

📅09.05.2019 (четврток)
🕕18:00 – 20:00
📍Салата на општина Велес

Најавете го вашето присуство на следниот линк: http://bit.ly/nashatavolonterskaprikazna

Тимот кој го организира овој настан во соработка со Општина Велес ги повикува сите млади велешани да им се придружат и да ја добијат дозата на мотивација, да дознаат како волонтирањето и младинскиот активизам можат да им го променат животот!

🇪🇺Со овој настан ќе биде одбележан и Денот на Европа (9ти мај), во рамки на истиот ќе биде дискутирано и волонтерството и свеста на младината за истото и на локално, но и на европско ниво.

*Трибината е во рамки на младинската локална иницијатива за застапување која ја имплементира тим од 9 млади активисти (Martin, Кристина, Анамарија, Snezana, Aleksandra, Simona, Филип, Viktorija, и Tina) во општина Велес, како дел од програмата за локален активизам од проектот Младински локални иницијативи.
Проектот е имплементиран од Здружението на граѓани Младите можат, со поддршка од Mladiinfo, Youth Bank Hub Western Balkan and Turkey и Европската унија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *