Повик за учесници на тренинг обуката: „Преку суштинска критика до видлива промена“
Сметаш ли дека токму преку соодветна критика можеш да промениш нешто во твоето опкружување? Сакаш да стекнеш вештини за аргументирано пишување и критичко размислување и да се запознаеш со најновите форми на новинарство? Ако одговорот е да, тогаш си на вистинското место. Здружението на граѓани Младите можат објавува повик за учесници на тренинг обуката „Преку суштинска критика до видлива промена“ кој се организира во рамките на проектот „Се за младите“, спроведуван од Младите можат, а со поддршка на Европската унија.…