Отворен е повик за учесници на Еразмус+ тренинг  “EMYS Youth Networking Event“ од 01.12-05.12.2023 во Никозиа, Кипар

Овој тренинг е дел од проектот Engaging Marginalized Youth for Sustainability (EMYS) чија цел е да се мотивираат и зголемат капацитетите на младите луѓе да станат креатори на промени и да имплементираат иницијативи не само во нивните заедници, туку и на европско ниво.

*можеш да прочиташ повеќе за EMYS проектот на следниов линк.

Детали за настанот:

  • 55 учесници од 5 различни земји
  • Целта е размена на добри практики на полето на младинско застапување и лобирање
  • Создавање на мрежи меѓу младите
  • Спроведување на заеднички европски активности
  • Зајакнување на младинското учество на локално и регионално ниво
  • Шанса учесниците да дознаат за проектите за солидарност и другите можности за локално финансирање за поддршка на младински проекти

Профил на учесници:

  • 10 Млади од 18 до 30 години (1 тим лидер и 9 учесници)
  • Младински амбасадори, младински работници, младински организации/совети/центри и движења на младинската заедница
  • Одговорни и активни млади
  • Заинтересираност и желба за подобрување на својата заедница
  • Со добро познавање на англискиот јазик

* Храната, сместување и превоз се покриени од страна на организаторот.

Инфо пакет за тренингот е достапен на следниот линк.

Доколку сметаш дека ги исполнуваш условите и си подготвен/а да земеш активно учество во текот на целиот тренинг/проект, пријави се на следниов линк.

Рокот за аплицирање е до 02.11.2023, до 23:59 часот.

За сите дополнителни информации можеш да ни пишеш на [email protected] или да не контактираш на следниов телефонски број 078 31 39 31.