Имаш желба да бидеш општествено одговорен/на? Сакаш да направиш промена во твоето секојдневие? Можеби сакаш таа промена да се отслика и во твојата околина? Имаш искуство со активизам но, голема желба ти е да научиш како да ги поттикнеш и другите да бидат општествено одговорни? Имаш ли слушнато за Social Day?

Social day е ден кога младите луѓе заменуваат еден ден на училиште за работа која тие ја бираат, односно младите донираат дел од своето време и својата дневница за  младински проекти. Концепт во нашата држава кој по четврти пат ќе овозможи општество во кое младите се лидери на сегашноста и иднината.

За секое работно место на кое младите волонтираат, партнерите на проектот уплаќаат  дневница по учесник, директно во младинскиот фонд на Social day.  Фондот на Social day им дава можност на младите да ги идентификуваат проблемите кои се наоѓаат во нивната околина и потоа да ги решат преку младински иницијативи.  На овој начин, младите активно и одговорно делуваат во својата заедница користејќи ја нивната способност да предизвикаат промени и самостојно да ги решат проблемите кои  ги засегаат.  

За да го оствариме тоа, потребен е тим од 10 млади ентузијасти кои ќе делуваат во своите региони и се подготвени за лична позитивна трансформација, да придонесат кон општество во кое младите се двигатели на промена за слободно и одговорно инклузивно општество.
А за се тоа да биде успешно, потребни ни се локални координатори од следните региони:

  • 3 локални координатори од Скопски регион
  • 1 локален координатор од Вардарски регион
  • 1 локален координатор од Источен регион
  • 1 локален координатор од Југозападен регион
  • 1 локален координатор од Југоисточен регион
  • 1 локален координатор од Пелагониски регион
  • 1 локален координатор од Полошки регион
  • 1 локален координатор од Североисточен регион

Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик локалниот координатор треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Креирање на листа со потенцијални понудувачи на работни позиции од градот и најблиската околина – 
  • Остварување на контакт со потенцијални работодавачи и одржување на редовна комуникација
  • Обезбедување логистички детали за остварување соработка (испраќање на меморандуми и сл.)
  • Промоција на Social day во локалната средина (помагање при спроведување на промотивната кампања на локално ниво – учество на настани и сл)
  • Мапирање на потенцијални млади, учесници на обезбедените позиции за Social day
  • Контактирање со средни училишта на својата територија и остварување на соработка со истите за мобилизирање на учесници за Social Day 2024
  • Поврзување на заинтересираните млади и обезбедените позиции од работодавачите
  • Одржување на контакт со младите и работодавачите за време на одржување на самиот Social day
    Локалниот координатор треба да биде во редовна координација со проектниот координатор при спроведувањето на работните задачи.

Ангажманот не предвидува работа од канцеларија и конкретно работно време, она што се очекува од локалниот координатор е навремено завршување на своите работни задачи и почитување на роковите зададени од страна на проектниот координатор.

Ангажманот се однесува за период од февруарри 2024 – јуни 2024 и за истиот следува финансиски надомест.

Прочитај повеќе за Social Day на следниот линк

Доколку се пронаоѓаш во сето наведено и сакаш да си дел од тимот кој ги креира промените кои сакаме да ги видиме во светот, пријави се на следниот формулар


За сите дополнителни прашања, контактирај не на [email protected] или на телефонскиот број 078/413 534.

Повикот е отворен до 12.02.2024 година (12:00ч)