Јавен повик за доставување на понуди за спроведување на промотивна кампања
Вовед Здружението на граѓани Младите можат со поддршка од dm дрогерие маркт С.Македонија во рамки на кампањата „Заедно за подобро утре“ спроведува проект чија примарна цел е да ги поттикне младите девојки и жени (на возраст од 15-29 години) во Северна Македонија да преземат одговорност за нивното физичко и ментално здравје преку информиран избор и холистички практики на начин на живот. Проектот има за цел: а. Подигнување на свеста кај младите девојки за важноста на здравите навики во исхраната, физичката…