Доколку се мислиш како да ја поминеш неделата на 19 мај, тогаш имаме еден предлог за тебе – биди волонтер на првиот фестивал за женско здравје „Јас сум…“. Како ти звучи да одвоиш неколку часа за да ни помогнеш во промоција на здрави навики преку забавни и интересни зони за ментално здравје, здрава исхрана, фитнес и грижа за тело. Повеќе информации за целиот фестивал може да најдете на следниот линк.

Доколку одлучиш да бидеш волонтер ќе добиеш маичка, торба, оброк, освежување и мало изненадување. 

Кои ќе бидат твоите обврски? – Иако настанот започнува од 10 часот, нашиот тим ќе биде на локацијата уште од 8 часот за да може да го подготвиме теренот за работа. Твоите обврски ќе ги договориме на состанок пред настанот, а може да бидат во насока на помош со уредување на просторот, поддршка во детската зона или при трката со родители и деца и така натаму. По завршување на настанот во 14 часот, ќе ни остане сите заедно да се собереме во наредниот час и со тоа ќе бидеме завршени за дента. После тоа секако ќе договориме една заедничка дружба за да го прославиме успешниот наста.

Која е локацијата? – Локацијата на настанот може да ја најдете на следниот линк. Супер локација за уживање во природа. 

Како можам да се пријавам? – Пријавувањето е отворено до 10 мај преку пополнување на формулар на следниот линк.

За сите ваши дилеми и прашања може да се обратите на [email protected] или на 072/226-602.

Со особена радост те очекуваме!

Реализацијата на овој проект е овоможена од dm drogerie markt.