Извршната канцеларија на Младите можат е во потрага по нови млади ентузијасти кои се подготвени дa работат во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енергија.
Доколку си подготвен/а да работиш на својот личен развој и дополнително да ги развиваш своите вештини преку принципот на “learning by doing“ – ова е одлична можност за тебе! Те повикуваме да бидеш дел од атмосфера на постојано учење, надоградување, но и стакнување нови пријатели и колеги. Биди дел од тимот кој верува во моќта на младите да бидат катализатори на позитивни промени во општеството. Но, за да го постигнеме она во кое веруваме потребни ни се посветеност, истрајност, прилагодливост и самоиницијативност како дел од тимските вредности и тимскиот дух.
Во моментов имаме отворено повик за три работни позиции:
- Координатор за комуникации на Младите Можат
- Координатор за членство на Младите Можат
- Асистент за администрација и логистика на Младите Можат
Повик за Координатор за комуникации на Младите можат
Работни обврски на Координатор за комуникации
Генерална цел на работата:
- Осмислување на дизајни за промоција на програмските и проектните активности на организацијата;
- Креирање на дизајни за промоција на програмските и проектните активности на организацијата;
- Асистенција при раководењето на профилите на социјалните медиуми на организацијата
- Координација на најголемиот ден за можности за средношколци Social day 2023 (прочитај тука за што станува збор)
Задачи и одговорности:
- Учество во воспоставување правила за екстерно брендирање и нивна примена;
- Учество на настани и креирање на содржина за време на настаните која подоцна ќе се користи за промоција;
- Подготовка на canva дизајни за веб страните на Младите можат, платформата Час за час, платформата Кариерен пат и други веб платформи со кои програмски може да раководи Младите можат, како и дизајни за објави на социјалните медиуми;
- Одржување и редовно ажурирање на веб страните на Младите можат, платформата Час за час, платформата Кариерен пат и други веб платформи со кои програмски може да раководи Младите можат;
- Грижа за видливоста на активностите на организацијата преку редовни објави на социјалните медиуми;
- Дизајнирање на објави за информативни кампањи на Младите можат, застапувачки и друг тип на кампањи;
- Водење грижа за онлајн достапност на сите позначајни документи (публикации, извештаи, позиции, видеа итн ) на организацијата;
- Подготовка на canva дизајни и објави за проектните активности на организацијата;
- Грижа за унифицирање на видливоста на сите проектни и програмски активности на Младите можат;
- Креирање на содржините кои ги пласира во јавност, вклучувајќи соопштенија за медиуми, покани за медиуми и други содржини кои произлегуваат од проектните и програмските активности на организацијата;
- Подготвува годишен работен план согласно Комуникациската стратегија, заедно во соработка со Извршниот директор, останатите координатори и тела на Младите можат;
- Подготовка на canva дизајни за наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни, доколку е потребно;
- Воспоставување и одржување комуникација и соработка со бизнис заедницата при организација на Social day;
- Промоција на Social day пред сите засегнати страни (средношколци, средни училишта, бизнис заедница, државни институции)
- Координација на програмски тим за организација на Social day (координатори на региони, волонтери )
Одговорности кон тимот:
- Придонес во спроведување на процесот на институционален развој на Младите можат и градење капацитет на Извршната канцеларија
- Градење на капацитетите на Извршната канцеларија и другите тела на Младите можат за обезбедување поголема видливост на работата на организацијата;
- Успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а, согласно портфолиото за работа;
- Комуникација, координација и соработка со членовите на Извршната канцеларија и Управниот одбор;
- Поднесување месечен извештај за својата работа до Извршниот директор.
Критериуми за аплицирање:
Образование (одсек): Општествени науки (Маркетинг, Новинарство, Комуникациски студии) или завршен курс/академија за дигитален маркетинг/графички дизајн
Години на работно искуство: Минимум: 1 Пожелно: 2
Технички и професионални вештини:
- Работа со Canva програм за креирање на дизајни
- Пожелно познавање на некоја од програмите за креирање на дизајни (Photoshop, Illustrator и друго)
- Познавање на програма за креирање на видео содржини
- Познавање на граѓанскиот сектор и младинската работа
Основни карактеристики:
- Лојалност
- Организираност
- Професионалност и посветеност
- Способност за индивидуална и работа во тим
- Работа во куси рокови
- Менаџмент на време
- Менаџмент на конфликти
- Прилагодливост во однос на работни часови и работно време, како и работа од канцеларија, од дома и обврски кои наметнуваат повремено патување во рамки на државата
Неопходни јазици: Македонски и Англиски јазик (албански јазик е пожелно)
Дополнителни информации:
Ангажманот започнува од 1 февруари 2023г. со пробен период од минимум 1 месец. Ангажманот е со полно работно време од 40 часа на неделно ниво, со работа од канцеларија во Скопје. Работното време е флексибилно, во согласност со работните обврски. За ангажманот е предвиден финансиски надомест од 43.000 денари бруто сума, со редовно вработување.
Начин на аплицирање:
Испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на [email protected] со назнака Апликација за Координатор за комуникации на Младите Можат
Рок за пријавување: 28 јануари, 2023 година, 23:59
Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected]
или на 078 31 39 31
Повик за Координатор за членство на Младите можат
Работни обврски на Координаторот за членство
Генерална цел на работата:
- Раководење со членството на Младите можат и координација на процесите на градење капацитети на членството;
- Одржување двонасочна комункација помеѓу органите и телата на Младите можат со членовите;
- Менаџирање со програмите за членството на Младите можат.
Задачи и одговорности:
- Раководење на програма за врсничка едукација за ментално здравје во рамки на членството на Младите можат;
- Раководење со тим на промотери – членови на Младите можат за подготовка на годишен Social day (повеќе прочитај тука);
- Правење на план за промоција на програмите за членство;
- Контактирање на потенцијални нови членови;
- Правење на план за реализација на програмите за членство;
- Координирање на членовите во соодветните програми во кои се пријавиле;
- Следење на програмите дали се реализирани и до каде;
- Следење на вклученоста на членовите во програмите;
- Промоција на програмите за членство;
- Унапредување на содржините за членство;
- Водење на архива на членството;
- Организира настани и активности за членовите на Младите можат, во рамки на едукативните програми;
- Организира настани и активности за меѓусебна комуникација на членовите на Младите можат и помеѓу членовите на едукативните програми;
- Одговорен е за избор на претставници на Младите можат на настани, обуки, тренинзи;
- Идентификување потреби за развој на капацитети на членовите, подготовка на план за градење капацитети, координација на членовите за учество во процесот на градење капацитети;
- Поттикнување на членовите за соодветно вклучување во процесите на стратешко, годишно и проектно планирање и обезбедување навремен содржински придонес од членовите во подготовка на плановите и проектите;
- Контакт со соработници во склоп на програмите за членство;
Одговорности кон тимот:
- Придонес во спроведување на процесот на институционален развој на Младите можат и градење капацитети на канцеларијата;
- Комуникација, координација и соработка со членовите на Извршната канцеларија и Управниот одбор;
- Известување за состојбата на базата на членство;
- Подготовка на насоки за начини на вклучување на членовите во проектните активности;
- Поднесување месечен извештај за својата работа до Извршниот директор.
Критериуми за аплицирање:
Образование (одсек): Општествени науки (Психологија, Социологија, Социјална работа)
Години на работно искуство: Минимум: 1 Пожелно: 2
Технички и професионални вештини:
- Менаџирање на програмски и проектни активности
- Менаџирање на човечки ресурси
- Познавање на граѓанскиот сектор и младинската работа
- Проектен менаџмент
- Лидерски вештини
Основни карактеристики:
- Лојалност
- Организираност
- Професионалност и посветеност
- Способност за индивидуална и работа во тим
- Работа во куси рокови
- Менаџмент на време
- Менаџмент на конфликти
- Прилагодливост во однос на работни часови и работно време, како и работа од канцеларија, од дома и обврски кои наметнуваат повремено патување во рамки на државата
Неопходни јазици: Македонски и Англиски јазик (албански јазик е пожелно)
Дополнителни информации:
Ангажманот започнува од 1 февруари 2023г. со пробен период од минимум 1 месец. Ангажманот е со полно работно време од 40 часа на неделно ниво, со работа од канцеларија во Скопје. Работното време е флексибилно, во согласност со работните обврски. За ангажманот е предвиден финансиски надомест од 43.000 денари бруто сума, со редовно вработување.
Начин на аплицирање:
Испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на [email protected] со назнака Апликација за Координатор за членство на Младите Можат
Рок за пријавување: 20 јануари, 2023 година, 23:59
Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected]
или на 078 31 39 31
Повик за Асистент за администрација и логистика на Младите можат
Работни обврски на Асистент за администрација и логистика
Генерална цел на работата:
- Асистира на Извршниот директор во раководење со администрацијата на Младите можат;
- Ажурирање на финансиската и административната документација;
- Обезбедува логистичка и техничка поддршка во фунцкионирањето на Извршната канцеларија и проектните активности на Младите можат;
- Организирање на логистичкиот аспект од настани, семинари и конференции;
Задачи и одговорности:
- Одржување на ефективни и функционални административни и финансиски системи;
- Ги координира и асистира процесите за време на внатрешни и надворешни финансиски ревизии;
- Го одржува системот на месечни извештаи за работно време на персоналот и обезбедува негова усогласеност со интерните политики и законите;
- Адмистративно води сметка и електронска евиденција за спроведување на правилата за раководење со вработените, политиката за одмори, отсуства, боледувања и сл.;
- Ги администрира досиејата за набавки и обезбедува усогласеност на процедурите за набавки со интерните политики и законите;
- Води попис на инвентар;
- Комуникација и координација со сметководството на организацијата;
- Администативно и техничко одржување на канцеларијата, грижа за опремата, спроведување каанцелариски набавки и услови;
- Реализација на членарина од членовите на Младите можат кон организацијата;
- Организација на пат и сместување и рефундирање на трошоци за патувања за Младите можат (За програмски и проектни активности);
- Спроведува и други програмски задачи и задолженија во согласност со моменталните потреби на Младите можат и во координација со Извршниот директор;
- Одговорен за техничка и логистичка поддршка при организирање на настани на Младите можат;
- Обезбедува потребни ресурси за квалитетно спроведување на активностите на Младите можат;
- Планирање и извршување на логистички дел на настани, поточно, обезбедување просторија, барање на спонзорства, правење набавки, контактирање на надворешни инволвирани лица
- Обезбедува логистичка поддршка при спроведување на проектни активности за кои е задолжена канцеларијата на Младите можат;
- Обезбедува логистичка поддршка при подготовката и реализацијата на Годишното собрание на Младите можат;
- Активно учествува во останатите тековни активности во организација на Младите можат;
- Учествува во подготовка на материјали за седници и состаноци на телата на Младите можат;
- Одговорен е за набавка на материјали потребни за спроведување на активности;
- Одговорен е за набавка на канцелариски материјали потребни за секојдневно канцелариско функционирање;
- Одговорен е за обезбедување на спонзори при спроведување на активности и проекти на организацијата;
- Одговорен е за градење и одржување на релации со спонзори, добавувачи и блиски соработници, согласно портфолиото за работа.
Одговорности кон тимот:
- Придонес во спроведување на процесот на институционален развој на Младите можат и градење капацитети на Извршната канцеларија
- Градење на капацитетите на Извршната канцеларија и другите тела на Младите можат за обезбедување поголема видливост на работата на организацијата;
- Комуникација, координација и соработка со членовите на Извршната канцеларија и Управниот одбор;
- Поднесување месечен извештај за својата работа до Извршниот директор.
Критериуми за аплицирање:
Образование (одсек): Економски науки, Менаџмент на ресурси, Човечки менаџмент
Години на работно искуство: Минимум: 1 Пожелно: 2
Технички и професионални вештини:
- Познавање на граѓанскиот сектор и младинската работа
- Познавање на законската регулатива за финанскиско работење на граѓански организации, работни односи и администрација
- Финансиско, административно и материјално работење
- Организациски менаџмент
Основни карактеристики:
- Лојалност
- Организираност
- Професионалност и посветеност
- Способност за индивидуална и работа во тим
- Работа во куси рокови
- Менаџмент на време
- Менаџмент на конфликти
- Прилагодливост во однос на работни часови и работно време, како и работа од канцеларија, од дома и обврски кои наметнуваат повремено патување во рамки на државата
Неопходни јазици: Македонски и Англиски јазик (албански јазик е пожелно)
Дополнителни информации:
Ангажманот започнува од 1 февруари 2023г. со пробен период од минимум 1 месец. Ангажманот е со полно работно време од 40 часа на неделно ниво, со работа од канцеларија во Скопје. Работното време е флексибилно, во согласност со работните обврски. За ангажманот е предвиден почетен финансиски надомест од 24.600 денари бруто сума, со договор на дело.
Начин на аплицирање:
Испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на [email protected] со назнака Апликација за Асистент за администрација и логистика на Младите Можат
Рок за пријавување: 28 јануари, 2023 година, 23:59
Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected]
или на 078 31 39 31