Извршната канцеларија на Младите можат е во потрага по нови млади ентузијасти кои се подготвени дa работат во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енергија.

Доколку си подготвен/а да работиш на својот личен развој и дополнително да ги развиваш своите вештини преку принципот на “learning by doing“ – ова е одлична можност за тебе! Те повикуваме да бидеш дел од атмосфера на постојано учење, надоградување, но и стакнување нови пријатели и колеги. Биди дел од тимот кој верува во моќта на младите да бидат катализатори на позитивни промени во општеството. Но, за да го постигнеме она во кое веруваме потребни ни се посветеност, истрајност, прилагодливост и самоиницијативност како дел од тимските вредности и тимскиот дух.

Во моментов имаме отворено повик за три работни позиции:

  1. Координатор за комуникации на Младите Можат
  2. Координатор за членство на Младите Можат
  3. Асистент за администрација и логистика на Младите Можат

Повик за Координатор за комуникации на Младите можат

Повик за Координатор за членство на Младите можат

Повик за Асистент за администрација и логистика на Младите можат